Срби ограбувале луѓе на плажите на Закинтос
Објавено во: Балкан 05 Август, 2018
Во Грција се уапсени две момчиња од Србија на возраст од 20 и 22 години, кои ограбувале туристи на островот Закинтос.
Кај нив се најдени 7 000 евра, накит вреден 4 000 евра, скап рачен часовник и мобилен телефон. Сопственикот на апартманот каде отседнале момчињата како туристи ги пријавил во полицијата и помогнал при нивното апсење.
Една од ограбените била токму ќерката на сопственикот на апартманот, и од неа се одземени 7 000 евра од касата на туристичката агенција што се наоѓала во куќата каде престојувале момчињата. Сопственикот се посомневал во Србите и ги пријавил во полиција.
Полицијата извршила претрес и ги нашла парите, кои ги криеле во чорапите. Со истрагата е утврдено дека ограбувале и туристи на плажа, на кои им се вратени вредните предмети. Со помош на уште две непознати лица , момчињата учествувале и во грабеж на златарница.