16 Декември, 2025
0.0918

Срби помеѓу губитниците на биткоин берзата

Објавено во: Балкан 15 Март, 2014 11:49

Добивај вести на Viber

Најпознатата криптовалута се опоравува после гасењето на сајтот на кој исчезнаа виртуелните пари во вредност од речиси 400 милиони долари. Оваа вест ги заплаши инвеститорите, па вредноста на оваа криптовалута која во еден момент на крајот на 2013-та вредеше 1.200 долари, падна на помалку од 500. Моментално се опоравува. Борис Прпиќ, основач на српската биткоин заедница, знаел дека "Mt. Goks” e несигурна компанија, бидејки веќе две години се зборувало дека е во голем минус поради загубата на биткоин. Сепак тргувал преку него и изгубил пет бикоини или околу 3000 долари. Во загуба се вели уште неколку луѓе од Србија. Парите на Прпиќ биле на сметката на "Mt. Goksa”, бидејки на таа берза редовно купувал биткоини кога ќе им падне вредноста  и ги продавал кога ќе скокне. На тој начин според него добро може да се заработи. Според неговите проценки биткоинот ќе се опорави: -Веќе цената се врати на близу 600 долари, преживеа, а тоа говори за силата на валутата. Биткоинтот, најпознатата и највредна од неколкуте криптовалути, постои само во виртуелен облик. Заснована е на алгоритам, а се добива во процесот на “ископување” кои го работат моќни и прилично скапи компјутери. Вкупниот број на банкноти е ограничен на 21 милион, па често го споредуваат со злато. До сега се “ископани” 12,4 милиони. Новиот удар врз довербата во биткоинот укажува на разликите на кои укажуваа критичарите. Бидејки не е регулиран и анонимен, веројатно нема начин сопствениците да дознаат кој ги земал и како да ги повратат. Економистот Нуријел рубини не е многу оптимистичен по прашање на иднината на биткоинот за кој мисли дека функционира по приницпот на пирамидалните измами. Проценките се дека овој случај нема да ја уништи дигиталната валута која веќе одмана стана глобална. Во прилог на тоа зборува американската компанија Second market која најавува дека ќе отвори регулирана берза за рамена на криптовалута. Според податоците на американскиот Конгрес, биткоинот се користи и за него се дебатира во 40 држави. Некои земји како Русија го забранија, а други одбиваат да го регулираат. Американците со него можат да пазаруваат на неколку сајтови. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството