17 Декември, 2025
0.0512

Србија бара од Русија уште еднаш да размисли за Јужен тек

Објавено во: Балкан 02 Декември, 2014 14:58

Добивај вести на Viber

Српските власти како неповолна ја оценија одлуката на официјална Москва да се откаже од изградбата на гасоводот Јужен тек. Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ вели дека се надева оти со дополнителни разговори сепак ќе дојде до договор меѓу Русија и ЕУ за изградба на гасоводот, кој требаше да поминува и низ српска територија. По расправата за Западниот Балкан во Европскиот парламент Дачиќ изјавил дека проектот Јужен тек е многу важен за Србија, бидејќи нема алтернативен правец за снабдување, освен оној од Украина. „Граѓаните на југоисточна Европа имаат исти права како и оние во средна и северна Европа, кои направија сличен таков аранжман со Русија. Бараме рамноправен третман“, вели Дачиќ. Тој нагласува дека Србија со запирање на проектот губи огромни зделки за негова изградба, но ги губи и приходите од работата на Јужниот тек. Затоа Белград бара уште еднаш да се преиспита можноста за изградба на овој гасовод, во кој веќе се вложени огромни внимание и труд.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата