Србија доби нов министер за финасии
Објавено во: Балкан 14 Август, 2013
Дипломецот на Јејл, Лазар Крстиќ, е нов српски министер за финансии, пишува белградскиот весник „Блиц“.
Крстиќ, наводно, ја прифатил понудата на Александар Вучиќ во реконструираната српска Влада да го предводи секторот финансии.
Како што весникот дознава, за почеток овој економист, кој во моментов работи во Њујоршката канцеларија на консултантската куќа „Мекензи“, ќе работи на спроведувањето на веќе усвоениот Акциски план на Владата на Србија, а од есен ќе поработи и на можните нови мерки што на Србија ќе и овозможат во следниот период да има одржлив финансиски систем.
Крстиќ вчера пристигна во Србија и се сретна со првиот потпретседател на Владата, Александар Вучиќ. Двајцата постигнале начелен договор за тоа овој млад талентиран човек да го преземе ресорот што до скоро го водеше Млаѓан Динкиќ.