16 Декември, 2025
0.0308

Србија доби нова Влада – Вучиќ премиер, Дачиќ министер за надворешни

Објавено во: Балкан 27 Април, 2014 22:00

Добивај вести на Viber

Србија вечерва ја доби новата Влада предводена од Александар Вучиќ. Од вкупно 250 пратеници во салата биле присутни 228 пратеници, а „за“ Владата гласаа 198, 23 биле „против“, шестмина биле „воздржани“, а еден пратеник одбил да гласа. Владата ќе има 19 члена, меѓу кои ќе бидат и двајца министри без ресор и премиерот. Со Министерството за финансии ќе раководи Лазар Крстиќ, со Министерството за економија Душан Вујовиќ, со Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ, која ќе биде и потпретседател на владата. За министер за внатрешни работи е именуван Небојша Стефановиќ, за правда Никола Селаковиќ, за државна управа и локална самоупрва Кори Удовички, за одбрана Братислав Гашиќ, за здравство Златибор Лончар, за образование, наука и технолошки развој Срѓан Вербиќ. Минстер без ресор, задролжен за Европската унија ќе биде Јадранка Јоксимовиќ, Александар Вулин е назначен за министер за труд, вработување, боречки и социјална прашања, додека Расим Љајиќ ќе биде потпретседател на владата и министер за трговија, туризам и телекомуникации. Лидерот на социјалистите Ивица Дачиќ ќе биде прв потпретседател и министер за надворешни работи, Александар Антиќ ќе биде министер за енергетика и рударство, Снежана Богосављевиќ-Бошковиќ ќе биде министер за земјоделство и заштита на животната средина, додека Министерството за култура и информирање ќе го раководи Иван Тасовац. Вања Удовички ќе отане на чело на Министерството за млади и спорт, додека во новата влада како министер без ресор ќе биде и Велимир Илиќ.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата