Добивај вести на Viber
Не се точни обвинувањата од македонска страна дека повеќето од 80.000 тони пченица од стоковните резерви на Србија, кои исчезна пред неколку месеци од силосите, завршиле како брашно, кое се продава по дампинг цени во Македонија, пишува српскиот весник Политика. Весникот се повикува на изјава на директорот на здружението „Жито Србија“, Вукослав Саковиќ, кој тврди дека само 1.000 од вкупно 40.000 тони брашно е продадено за пониски цени од Дирекцијата за стокови резерви пред жетвата.
- Кому му се исплатува да ги продава пченицата и брашното под секоја пресметка и згора на тоа да ги плати патните трошоци до Македонија – прашува Саковиќ.
Тој појаснува дека цената на пченицата што се извезува, се прави на ниво на српскиот пазар, плус околу 30 евра по тон за превозот. Македонската страна, тврди Саковиќ, ни покажа дека во нивната земја влегле само 1.000 тони по пониска цена. Тие го прават ова само да го оправдаат нивното однесување.
- Да не беше договорот на ЦЕФТА за слободна трговија и конкуренција, некои македонски трговци и натаму многу ќе заработуваа со помош на тамошните власти. Ние дури и понудивме на Македонија да започне процес на дампинг. Македонците не одбија и ни рекоа да се погрижиме до тоа да не дојде - тврди Саковиќ.
Според официјалните податоци на Министерството за земјоделство, во последните 18 месеци, од Србија во Македонија влегле повеќе од 70.000 тони брашно по многу ниска цена.