16 Декември, 2025
0.0377

Србија го враќа работното време од 7:30, нема службени автомобили за министрите

Објавено во: Балкан 01 Мај, 2014 13:01

Добивај вести на Viber

Српската Влада одлучи да работи и на 1-ви Мај и притоа да донесе неколку крупни одлуки. Така, согласно одлуките на новата Влада на Александар Вучиќ, работниот ден на органите на државната управа ќе започнува порано - од 7:30 часот и ќе трае до 15:30 часот. Одлуката важи за министерствата, посебните организации и служби на Владата, републичкото јавно правобранителство и јавните агенции, а има за цел да се постигне подобра и поефикасна организација на работното време. Освен ова, Владата донела одлука дека во иднина право на постојано користење на службено возило од висока класа имаатсамо претседателот на Србија, претседателот на Парламентот, претседателот и потпретседателите на Влада, претседателот на Уставниот суд и претседателот на Врховниот касационен суд на Србија. Пропишан е и начинот на кој можат да се користат службените возила, со цел да се постигнат максимални заштеди и да се обезбеди ефикасност во работата. Српската Влада донела заклучок и да го прогласи проектот „Белград на вода“ за проект од посебно значење за Србија. На ваквите одлуки реагираше Здружениот синдикат Слога, кој изрази протест затоа што Владата одлучила да заседава на неработен ден и притоа да носи такви важни одлуки како што е онаа за промена на работното време.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата