15 Мај, 2024
0.0273

Србија и Црна Гора на брзи шини итаат кон Европа, каде оди Македонија?

Објавено во: Балкан 18 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европска унија синоќа повторно ја оставија Македонија во чекалната на Брисел до некои подобри времиња.

Македонија по петти пат остана без препорака од ЕК за добивање датум за почеток на преговорите со Брисел. Првичната реакција на аналитичарите беше дека земјата веќе сигурно назадува во евринтегративните процеси. Голема победа вчера во Брисел однесе Србија која на 21 јануари ги почнува преговорите со унијата. Победа извојува и Албанија која се поизвесно во јуни ќе добие кандидатски статус.

Хрватска оддамна ни побегна, а голем исчекор пред нас направи и Србија. Македонија заедно во барабанот со Босна и Херцеговина и Косово?

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе и претседавачот на Советот, Линас Линкевичиус, потврдија дека поради недостиг на консензус во ЕУ, нема датум за почеток на преговорите за членство на Македонија.

„Не ја кријам загриженоста во однос на БЈР Македонија. Имаме надеж дека осигуривме договор за нов пристап кон ЕУ-посветеноста во оваа земја. Советот одлучи да се врати на ова прашање врз база на ажурирање од страна на Европската комисија за натамошниот прогрес во однос на Пристапниот дијалог на високо ниво, вклучително и на имплементација на политичкиот договор од 1 март и на чекорите преземени за промовирање на добрососедските односи“, посочил Филе кој побарал земјата да ги искористи следните месеци за да напредува во реформите и работата со сите партнери за да излезе од статус-кво ситуацијата.

Од лидер на западен Балкан, која требаше да биде рамо до рамо со Хрватска, десетина година подоцна Македонија не само што каска, туку и се враќа назад. Хрватска веќе е полноправен член на Европската унија, а Србија на 21 јануари ги започнува преговорите со Брисел. Што се случи? Аналитичарите тврдат дека земјата се повеќе се оддалечува од ЕУ интегративните процеси и дека ако до вчера проблемот беше нерешениот спор за името со Грција, сега земјата се соочува и со сериозни проблеми внатре во самата држава, без разлика што извештаите за напредокот на земјата се позитивни, сепак тие се полни со критики и потфрлања, осоебно во областа на владеењето со правото, корупцијата, јавната администрација, дополнително и проблемите со соседите (Грција и Бугарија).

Србија почнува преговори на 21 јануари

Усвојувањето на преговарачката рамка и заклучоците на министерскиот совет на ЕУ за Србија за дефинитивно почнување преговори во јануари, е историски настан за Србија, рече синоќа српскиот премиер Ивица Дачиќ.

- Горд сум што оваа Влада успеа да ја оствари историската цел“, изјави Дачиќ  додавајќи дека тоа е крај на еден многу тежок почеток. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави вечерва дека Грција планира меѓувладината конференција со Србија да се одржи на 21 јануари, под претседателство на таа земја со ЕУ.

Црна Гора ги почна преговорите, ги отвора поглавјата - знак за забрзување на реформите

Црна Гора денеска во Брисле отвора пет преговарачки поглавја, вклучувајќи ги и оние најтешките кои се однесуваат на правосдуството и владеењето на правото. За тамошните аналитичари тоа би било значаен датум затоа што ќе ги забрза внатрешните реформи и ќе ја соочи државата и општеството со најкрупните проблеми, со решавањето на овие проблеми Црна Гора се повеќе ќе личи на демократско опшетство со европски вредности.

Од Брисел вчера пристигна и порката дека Косово продолжува со Договорот за стабилизација и асоцијација, а Босна и Херцеговина била избегната како тема на овој состанок поради политичките порблеми во земјата. Дали Македонија која е сеуште во чекалната на Брисел и патем ги пропушти шансите прво со Хрватска, сега и со Србија, ќе биде на опашката на западен Балкан и ќе биде во ист кош со Косово и Босна и Херцеговина?

И.М

Можеби ќе ве интересира

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот