16 Декември, 2025
0.0501

Србија и Грција не поддржуваат регионална осуда на Русија, Македонија се вади на изборите

Објавено во: Балкан 10 Мај, 2014 20:28

Добивај вести на Viber

Романија има предлага на државите од Југоисточна Европа заедничка изјава со која ќе ја осудат анексијата на Крим кон Русија. На изјавата се спротивставиле Србија и Грција, додека Македонија нема изградено став по ова прашање, објави хрватската агенција Хина. Според агенцијата, во нацрт-документот се наведува дека земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа се загрижени поради развојот на настаните во Украина, анексијата на Крим со прекршување на меѓународното право, ескалацијата на ситуацијата во источна Украина и влијанието што овие настани може да го имаат врз регионалната безбедност и стабилност. За Србија и Грција веднаш била неприфатлива формулацијата за прекршување на меѓународното право, додека Македонија навела дека нема став затоа што се уште не е формирана новата влада по последните избори во земјата. Вечерва и во текот на утрешниот ден, на работен состанок на Процесот на соработка во ЈИЕ, Романија ќе се обиде да издејствува усогласување на изјавата, така што таа да е прифатлива за сите страни, наведува Хина. Официјален Букурешт е особено агрижен од ситуацијата во Украина, бидејќи стравува дека Молдавија и Грузија би можеле да ја доживеат судбината на оваа земја, каде што проруските сепаратисти на истокот се закануваат отцепување и припојување кон Русија според моделот на Крим.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата