Добивај вести на Viber
Доколку српското и руското раководство постигнат договор оваа есен за условите за кредитот за купување на авиони „МИГ-29М2“ и ракетни ПРО-системи С-300, во блиска иднина ќе добие и „невидливи“ повеќенаменски авиони, пишува денеска српскиот весник „Вечерње новости“ .
Според изданието авионите МИГ за кои преговараат двете страни се направени од материјал што тешко се фаќа од радарите. Колку време ќе чекаат српските пилоти за овие авиони, зависи од тоа кога ќе биде постигнат договор за кредит.