15 Декември, 2025
0.0253

Србија: Повеќе менаџери отколку селани

Објавено во: Балкан 31 Јануари, 2014 08:33

Добивај вести на Viber

Србија во текот на последната деценија загуби половина од своите земјоделци, шумари, риболовци и граѓани кои се занимаваат со слични занимања. Истовремено, речиси е дуплиран бројот на граѓани кои се уметници и експерти во различни области, како и трговци и вработени во услужните дејности. Ова го покажуваат најновите податоци од истражувањето за занимањата на граѓаните кое врз основа на пописот на населението од 2011 година, го спроведе Републичкиот завод за статистика (РЗС). Резултатите покажуваат и дека најголем број од Србите имаат титула инжинери, стручни соработници или техничари. Работници без квалификација во Србија, според пописните резултати, има 183.000, додека честа на занаетот ја бранат нешто повеќе од 312.000 граѓани. Титулата инжинер, техничар и стручен соработник ја носат 372.000 граѓани, додека на администрацијата припаѓа 170.000 од попишаните луѓе. Со земјоделски и други „рурални“ занимања се занимаваат 270.000 Срби. Дека резултатите од пописот ги потврдија трендовите кои веќе со децении се очигледни, смета и економистот Александар Жикиќ и напоменува дека ваквата „крвна слика“ на занимања во Србија е последица на повеќегодишната економска криза, нерационалното школување на кадри, одлив на мозоци, но и внатрешните миграции. „Очигледен е процесот на напуштање на селските средини, па логично е и што има се помалку земјоделци и слични занимања. Од друга страна, очигледно е зголемувањето на занимањата од кругот на менаџерските работи, иако се доведува во прашање нивниот степен на стручност и оспособеност. Зголемениот број на трговците и занимањата од услужниот сектор е последица на замреното земјоделство и лошиот деловен амбиент“, објаснува Жикиќ за Новости. А.А.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството