Србија повикува: Земи килограм отровна пченка, врати 800 грама здрава?!
Објавено во: Балкан 12 Јули, 2013
Републичката дирекција за стокови резерви на Србија ги покани сите кои се заинтересирани од нив да позајмат вкупно 25.000 тони на меркантилна пченка која содржи афлатоксин над максимално пропишаните граници, и која, под надзор на ветеринарната инспекција, ќе биде обработена во добиточна храна.
Позајмицата ќе се врши без наплата на камата, но со обврска за враќање на "долг" од културата за оваа година. Така, за килограм пченка со афлатоксин, од новиот род ќе треба да се вратат 800 грама пченка.
Експертите на Земјоделскиот факултет во Нови Сад открија на наслагите на ѕидовите на мноу силоси спори, кои се одговорни за минатогодишната контаминајција на пченката со афлатоксин. Пред да се складира новиот род потребно е да се дезинфицираат и дератизираат сите места кои биле во контакт со заразената пченка или во спротивно и новиот род ќе се зарази со афлатоксин.