СРБИЈА УШТЕ ВРАЌА ДОЛГОВИ ОД ВРЕМЕТО НА ТИТО - еве кога и колкави рати ќе ѝ стигаат на земјата во следниот период
Објавено во: Финансии 15 Јуни, 2024 09:02
Рано утрово Србија дојде на ред да издвои рата за заем од буџетот. Станува збор за заем кој Србија го зема од Светска банка. Таа држава овој заем го зела во времето на поранешна СФРЈ.
Рокот на достасување на овој консолидиран кредит беше 15 јуни, а траншата е околу 25 милиони евра. Вкупниот износ што останува да се плати по основ на главнина и камата годинава е 75,03 милиони евра. Следната рата е на 15 септември.
Долговите на СФРЈ Србија ги враќа кон Парискиот клуб, Светската банка, Кувајт.
Според Ппарискиот клуб на доверители, според планот за отплата, обврските доспеваат до 2041 година, според Светска банка до 2031 година, додека според Кувајт обврските доспеваат до 2034 година.
Имаат обврска кон Кувајт во јули, а кон Парискиот клуб на доверители - во септември.
Информациите за соработката на Република Србија со Парискиот клуб на доверители се јавно достапни на интернет презентацијата на Народната банка на Србија.
Сите овие заеми премиерите на Јосип Броз Тито ги земале од светските кредитори во текот на седумдесеттите и осумдесеттите години.
Путин го ратификуваше долгот на Србија
Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот за ратификација на четири протоколи кои создаваат правна основа за реструктуирање на долговите на Србија кон Русија врз основа на низа меѓувладини договори.
Соодветниот документ беше објавен на порталот на официјалното објавување на правните акти, пренесе РИА Новости.
За отплата од 1 март 2022 година до денот на потпишувањето на протоколот, долгот на Србија за извозни кредити изнесува 102,231 милиони долари и 1,944 милиони евра, за финансиски кредит 38,33 милиони долари, а за обврски на Југославија 2,96 милиони долари.
Инаку, интересно е што по политичките промени во Србија во 2001 година, парискиот клуб на доверители, составен од најбогатите земји во светот, меѓу кои и Русија, реши да и прости на Србија две третини од долгот вреден 4,5 милијарди долари.
Се пишува дека единствена земја која била против била Русија, со коментар дека се уште не е време за ваков подарок.
Блиц.рс
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





