Србин патентираше лек кој три пати ги зголемува шансите за оздравување од коронавирус
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Јули, 2020
Србин преку ноќ стана милионер, бидејќи патентираше лек кој три пати ги зголемува шансите за оздравување од коронавирус.
Професорот Ратко Ѓукановиќ (65), еден од најдобрите светски експерти за астма и хронична опструктивна белодробна болест, заедно со двајца негови колеги од Универзитетот во Саутемптон, дојде до големо откритие во лекувањето на заразени со коронавирус.
Српскиот стручњак и професорите Стефан Хојгејт и Дона Дејвис откриле пред 20 години дека протеинот интерферон бета кој помага при настинки им недостасува на оние што страдаат од астма и хронични заболувања на белите дробови.
Нивната компанија ја развила неговата замена која им помага на пациентите со вирусни заболувања, пишува „Гардијан“.
Примерок од 101 пациент открил дека шансите за развој на тешка форма на болеста се намалени за 79 проценти, додека чувството за губење на здивот исто така е драстично намалено.Во светот повеќе земји работат на пронаоѓање и тестирање на вакцина за коронавирусот.
САД двојно ги зголеми инвестициите во вакцината на компанијата „Модерна“.На речиси една милијарда долари се зголемија инвестициите за развој на потенцијалната вакцина против Ковид-19 на американската компанија „Модерна“.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.