Средба Бејли-Груевски за да се отстрани притисокот врз ДИК ?
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2016
Попладнево се одржа средба меѓу американскиот амбасадор Џес Бејли и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во седиштето на партијата, а по нејзиното завршување беше дадена изјава дека се разговарало за изборите, но без поконкретни детали. Бејли посочи дека ќе се сретне и со други лидери на политички партии.
Средбата е одржана со цел Груевски да се заложи врз работата на ДИК да не се врши притисок и да не се создава тензии и нарушување на безбедноста на државата со протестите кои ги организира владеачката партија, тврдат повеќе опозициски портали.
Во ноќниот митинг и Филип Петровски, висок функционер на ВМРО ДПМНЕ и директор на архивот, пред насобраните симпатизери на партијата се закани на “амбасадорот“ што наиде на подршка од насобраната толпа.