06 Октомври, 2024
0.0275

Среде лето половина Штип останува без вода за пиење

Објавено во: Мои пари 15 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Среде лето штипјани останаа без вода за пиење поради дефект на главната водоводна линија. Населбите кои се наоѓаат во високите зони на градот се без вода. Како што информира директорот на ЈП „Исар“, Никола Мицевски, екипите цел ден го санираат дефектот кој настанал помеѓу главната филтер станица и населбата Дузлак. Тој најави подобрување на состојбите најрано во текот на утрешниот ден. „Нашите екипи пристапија на отварање на дефектот и во текот на денот се надеваме дека ќе успееме да го санираме овој проблем. Се надевам дека до утре во текот на претпладневните часови ќе имаме нормализирано водоснабдување. Водоснабдувањето е пренасочено кон ниските зони и вода за пиење ќе немаат населбите познати како Блоковите 85, 91 и 2000 и високите зони како што е населбата Пребег“, соопшт Мицевски. Според прогнозите на „Исар“, повеќе од 30% од граѓаните во Штип ќе останат без вода, а надлежните побараа од граѓаните во пониските зони рационално да ја користат водата. Дефектот на главната водоводна линија е прв ваков сериозен проблем годинава во Штип.

Можеби ќе ве интересира

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми