01 Ноември, 2024
0.0343

Српски аналитичар за Фактор објаснува дали е можна размена на територии меѓу Косово и Србија

Објавено во: Балкан 14 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Српскиот аналитичар Милан Вилиќ за Фактор за идејата за размена на територии меѓу Косово и Србија, вели дека тоа се дневно – политички изјави и желби на Албанците кои живеат во Косово и Србија.

Тој нагласува дека овој список на желби има потпора од Соединетите Американски Држави(САД).

„Списокот на тие желби го филтрираат Американците и тие се апсолутни господари на какво било политичко дејствување на Албанците на територија на Република Србија. Каква било автономна политичка акција од страна на Албанците во Косово апсолутно е исклучена. Сè е како што велам во функција на помал или поголем притисок на раководството на Република Србија и на нивното политичко однесување“, вели Вилиќ.

За евентуална промена на границите или нивно прекројување во регионот смета дека тоа ќе се случи кога ќе се создадат услови. Но, според аналитичарот по мирен пат не може да се променат границите на Балканот. Вели дека ако дојде до такво сценарио, тоа ќе значи воен конфликт и истиот ќе инволвира поширока територија во регионот.  Аналитичарот ги поддржува добрите македонско – српски односи и смета дека на Македонија ѝ треба поддршката од  Србија.

Идејата за размена на територии се споменува години наназад и таа го вознемирува регионот. Неколку држави стравуваат дека ако се чепне во границите, ќе дојде до крваво сценарио.

Градоначалникот на Бујановац, Нагип Арифи на почетокот на месецов изјави дека размената на територии меѓу Косово и Србија би била фер.Арифи кажал дека „би било коректно Србија да го земе делот северно од Митровица, а Косово Прешевската долина (Бујановац, Прешево и Медвеѓа)“.

Размената на територии меѓу Србија и Косово „би била многу опасна“, изјави лани претставникот на ЕУ Мирослав Лајчак.

Германија во 2020 година го соопшти својот став дека е против размена на територии.

Што се однесува до САД, се појави информација дека тие се „за“ размена на територии, но потоа истото беше оквалификувано како лажна вест.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ЗАГИНА И ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ: Се зголеми бројот на жртви во Нови Сад

ЗАГИНА И ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ: Се зголеми бројот на жртви во Нови Сад

СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Во Нови Сад загинаа 11 луѓе

СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Во Нови Сад загинаа 11 луѓе

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА ТИНЕЈЏЕРКА ОД УРНАТИНИТЕ ВО НОВИ САД: Друга жена е заглавена и со неа комуницираат за да ја извлечат

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА ТИНЕЈЏЕРКА ОД УРНАТИНИТЕ ВО НОВИ САД: Друга жена е заглавена и со неа комуницираат за да ја извлечат

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРАЛЕ ДЕКА НАТСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД Е НАПУКНАТА: Инженер даде мислење дали има пропуст и каде

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРАЛЕ ДЕКА НАТСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД Е НАПУКНАТА: Инженер даде мислење дали има пропуст и каде

НОВИ САД: Најмалку осум загинати oткако се урна натстрешница на Железничката станица

НОВИ САД: Најмалку осум загинати oткако се урна натстрешница на Железничката станица

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места