Добивај вести на Viber
Српскиот милијардер Филип Цептер Ќе започне нов бизнис, да гради јахти за милијардери. За таа цел, како што открива во интервју за „Јутарњи лист“, тој пред две недели почнал преговори за купување на бродоградилиштето во Трст. Цептер тврди дека Хрватска му земала 400 илјади евра за ДДВ на јахтата, па поради тоа ја тужел државата пред две години и сега чека пресуда. Тој посочи дека преговара со Трст, бидејќи Хрватска не го дала бродоградилиштето во Краљевиц.
„Отсекогаш сум сакал да се занимавам со изградба на бродови, бидејќи мислам дека тоа е добра работа, но под услов да имате посебен производ. Ако произведувам скапи и квалитетни јахти, за таков производ секогаш ќе има купец. Не мора да чекам нарачки, имам пари и можам да изградам јахта, па како таква да ја понудам на купувачите“ - вели Цептер.
Јахтата на Цептер моментно е вкотвена на Бриони и лесно е воочлива. Меѓу сите бели бродови само неговата е разнобојна и најголема од сите, а и не треба да чуди, бидејќи вреди 30 милиони евра.