Српскиот претседател ја исклучува изградба на „Турски поток“ на српска територија
Објавено во: Балкан, Економија 08 Мај, 2015 10:12
Поради Европската унија - оваа е причина истакната од страна на српскиот претседател Томислав Николиќ како основна и пречка за изградбата на „Турски поток“ на српска територија.
Николиќ дал изјава за руската агенција „Интерфакс“ и објаснил дека Србија не ги поддржува санкциите на ЕУ против Русија, но бидејќи води преговори за влез во Унијата, треба да се усогласи со општата политика на Европа. Зборовите на Николиќ се потврда на оние на српскиот амбасадор во Русија Славенка Терзиќ. Тој веќе најави дека запирањето на „Јужен поток“ и објавувањето на „Турски поток“ ќе ја влошат ситуацијата на Србија во областа на енергетиката. А Николиќ пак изјавил дека Србија нема да добива гас од „Турски поток“.
Вчера, 7 мај, рускиот претседател Владимир Путин зборувал со грчкиот премиер Алексис Ципрас за „Турски поток“. Според соопштението од страна на Кремљ Русија е подготвена да им даде „финансиска помош“ на грчки компании кои се подготвени да учествуваат во изградбата на „Турски поток“. Во разговорот со Ципрас Путин му обратил „особено внимание“ на гасниот систем во Грција и како е најдобро и правилно тоа да биде вклучена во „Турски поток“. Ако биде постигнат официјално договор меѓу Русија и Грција за изградба на „Турски поток“, тогаш Москва може да и даде на Атина до 3 милијарди евра.
По повод барањето на Србија да стане членка на ЕУ, Николиќ истакнал дека сега е прашањето за Косово и тоа е најголема пречка, отколку развојот и соработката со Русија.
Еврокомесарот Јоханес Хан, кој е во посета на Србија, не го прекоруваат претседателот Николиќ за неговата намера да замине со српска воена единица на парадата во Москва на 9 мај по повод Денот на победата над фашизмот, пишува весникот „Данас“. По средбата меѓу Хан и Николиќ вчера претседателската прес служба соопштила дека Хан изјавил дека не е лесно да се објасни на европските партнери зошто Србија сака да учествува во парадата во Москва.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




