Српските земјоделци останаа без 50 милиони евра од ЕУ фондовите
Објавено во: Балкан 03 Август, 2013
Од фондовите на Европската Унија, Министерството за земјоделство на Србија не успеа да обезбеди за земјоделците најмалку 50 милиони евра годишно, пренесува хрватскиот портал „seebiz.eu“.
Србија ги загуби финансиските средства за земјоделството од фондовите на Европската Унија, бидејќи државата нема воспоставено систем за користење на тие средства. Иако политичарите со години гледаат како главна предност на европската интеграција токму за можноста за искористување на ЕУ фондовите за српските земјоделци, сепак на време не успееа да воспостават систем за користење.
Со цел да се добијат парите за земјоделството, Европската Унија не побара од Србија да го признае Косово. Побарано е само Србија да добие акредитација за Агенцијата за плаќање со цел да управува со парите за земјоделството.