19 Декември, 2025
0.2984

СТАНА СЛАВЕН ШИРУМ СВЕТОТ ПРЕКУ НОЌ: Ќе му се најде ли трага на Никола Груевски?

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2018 07:00

Добивај вести на Viber

Екс премиерот Никола Груевски исчезна и за една ноќ стана познат ширум светот благодарение на медиумите кои ја пренесоа веста за неговото бегство.

Груевски избега од земјава за да не оди во затвор, а откако наведе дека се наоѓа во Унгарија, регионалните медиуми продолжуваат да шпекулираат.

Приватниот авион кој го користи и премиерот на Унгарија Виктор Орбан, долетал од Будимпешта во Белград и набрзо се вратил кога екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ , бегајќи од затворската казна, најави дека ќе бара азил во Унгарија, пишува независниот унгарски сајт за вести  atlatszo.hu (Transparentnost). 

На сајтовите кои ги следат летовите на авионите, широко се достапни податоците за тој лет на авион од канадско производство, "Bombardier Global 6000" со регистарски таблици на Австрија "OE-LEM". 

Бидејќи во понеделникот, на 12 ноември, Груевски објави дека побарал политички азил во Унгарија, пишува сајтот, тој „луксузен приватен авион кој го користи унгарската владеачка и деловна елита“, во вторникот на 13 ноември, рано утрото од Будимпешта долетал во Белград и потоа се вратил во Будимпешта.

Сајтот како сопственик на авионот го наведува близок пријател на Орбан, бизнисменот Ленринч Месарош, втор по богатство во Унгарија, а пренесува и дека Владата „алудира“ дека на летовите со тие авиони води и друг бизнисмен, Иштван Гаранчи, еден од најмоќните луѓе во Унгарија и исто така фудбалски магнат, како и Месарош.

Авионот со ознаки "OE-LEM" е од Виена, каде е стациониран, во Будимпешта долетал во вторникот на 13 ноември, нешто пред 06,30 часот, полетал во 08,00 ч и во Белград слетал половина час подоцна. Од Белград полетал попладне во 15,30ч и во 16,00 слетал во Будимпешта каде и останал.

Унгарските медиуми се прашуваат како на Груевски му е дозволено да влезе во земјата без важечки пасош - му го одземаа властите - наведува сајтот.

Бидејќи унгарските власти изградија ограда на границата со Србија, секој кој сака да бара азил, треба да почека на граничната линија, во т.н. транзитна зона.

Затоа Унгарскиот Хелсиншки комитет навел дека, според строгите правила кои ги воведе Унгарија, односно владата на Орбан, Груевски морал бараењто за азил да го поднесе во канцеларијата на Службата за имиграција во Будимпешта.

Сијарто тој посебен режим го наведува поради „безбедносни причини“ и поради тоа што Груевски 10 години бил премиер на Македонија. Сијарто не коментира како Груевски можел да влезе во Унгарија без пасош, наведува сајтот Atlatszo.

Меѓутоа, само ден подоцна, 15 ноември, претставник од канцеларијата на премиерот рекол нешто друго: дека Груевски не поднел барање за азил во Унгарија, туку во унгарско претставништво во странство.

Сепак, заклучува унгарскиот весник, само неколку часа подоцна, албанската полиција потврди дека Груевски ја напуштил Албанија во автомобилот на унгарска амбасада во Тирана, со дипломатски таблици.

Можеби ќе ве интересира

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК