05 Декември, 2025
0.0343

СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Каматите паѓаат, долговите достигнаа 350 милиони евра!

Објавено во: Финансии 24 Ноември, 2014 13:45

Добивај вести на Viber

Банките објавија ново намалување на каматите за станбените кредити - потег кој треба да ја зголеми побарувачката, особено на оние што ги субвениционира државата со народни пари. Според податоците на Народната банка, во октомври вкупната кредитна задолженост на граѓаните изнесувала 1,7 милијарди евра, пришто е регистриран значен пораст кај потрошувачките кредити и станбените кредити. Банкарите до крајот на годинава очекуваат зголемена побарувачка за кредити, но не и позначајно релаксирање, односно олабавување на условите за одобрување на кредити. Градежниците пак велат дека цените на становите во централното градско подрачје нема да се намалуваат, но и дека побарувачката за станови во периферните населби паѓа, објави порталот Порталб. Становите на периферија – неатрактивни, какви ќе бидат цените? Каматите за станбените кредити што се нудат преку преоктот “Купи куќа-купи стан“ се намалија на 3,9%, стапка која е гарантирана во првите три години. Оваа камата се смета за досега најниска, и треба да ја стимулира побарувачката за кредити. Според дел од градежниците, ова намалување на каматите нема значајно да влијае врз побарувачката за станови кои се продаваат надвор од централното градско подрачје. “Сметам дека намалените камати за станбените кредити се прилагодени за акцијата “Купи куќа-купи стан“. Во овој момент има зголемена побарувачка за станови на подобри локации, во потесното градско подрачје. Во поширок опсег, односно во периферните населби и покрај пониските цени на становите, еве сега и на каматите за кредити, побарувачката се намалува“ – вели Никола Велковски од Комората на градежници. Според министерот за финансии, пак, проектот „Купи куќа, купи стан“ постигнал значителен ефект за зајакнување на конкурентската понуда на банки со намалување на каматите. Ставрески оцени дека каматните стапки за станбените кредити се на историски најниското ниво од околу три проценти и оти тоа е добра можност за многумина граѓани еднаш засекогаш да го решат станбеното прашање. “Банките, имајќи предвид дека каматните стапки преку проектот „Купи куќа, купи стан“ се ниски, под четири проценти, извршија намалување на каматните стапки за да можат и од сопствени средства да даваат станбени кредити. Каматната стапка за овие кредити е дојдена на историски најниско ниво. Да се добие станбен кредит со камата пониска од три проценти е добра шанса граѓаните да го решат станбеното прашање еднаш да засекогаш“ – изјави министерот Ставрески. Во септември, според податоците на Заводот за статистика, планирана била изградба на 448 станови во земјава. Од нив повеќе од половината или 296 станови се планирани да се изградат во Скопскиот регион, во кој предничат Аеродром со нови 132 станови, Илинден со 88 станови и Центар со 55 нови станови. Во општината Гази Баба е планирана изградба на 9 станови, додека во Карпош и Кисела Вода по три станови. На листата според бројот на ново изградени станови следува Полошкиот регион со 50 станови од кои во Гостивар ќе се градат 23 станови, Тетово 5 станови, по шест во Брвеница и и Врапчиште. Во Југозападниот регион во септември бла планирана изградба на 35 станови, од кои 16 во Дебар и 12 во Струга, следуваат Источниот регион со 20, Пелагониски регион со 19, Југоисточен регион со 11 станови и Североисточен регион во кои ќе се изградат 9 станови. Според Велковски, во периодот што следува не треба да се очекува намалување на цената на квадратен метар станбен простор бидејќи трошоците за градба растат. “Во потесното градско подрачје не сум сигурен дека цените на становите ќе се намалуваат. Може да се случи инцидентен пад на цените, само како моментално намалување кога на градежниците би им требале итно пари. Цените не можат значајно да се намалат бидејќи трошоците за работа остануваат исти, да се плати работната рака и материјалите за работа, чии цени не се намалуваат а не очекувам тоа да се случи во иднина“ – вели градежникот Велковски кој посочува дека токму локацијата е пресудна за цената на станот. Според него, највисока цена од околу 1200 евра за квадратен метар имаат становите во централното градско подрачје и главно се однесуваат за помали згради со околу 50 тина станови. За разлика од овие згради, во останатите населби се нудат станови во поголеми комплекси, со повеќе станови, што секако е уште еден фактор кој влијае врз пониската цена. Во неодамнешниот извештај Народната Банка регистрираше раст на цените на недвижностите, откако два квартали по ред тие се намалуваа. “По забележаното намалување во претходните два квартала, цените на недвижностите забележаа зголемување во вториот квартал на 2014 година. Имено, индексот на цените на становите е повисок за 2,2% на квартална основа, што придонесе за забавување на падот на цените на годишна основа (пад од 0,4%, по падот од 3,1% во првиот квартал на 2014 година)“ – пишува во извештајот на НБРМ. Досега преку проектот “Купи куќа купи стан“, кредити земале 350 семејства а вредноста на исплатените субвениции изнесува 2,5 милиони евра.Во прокетот се вклучени девет банки. Задолженост за станбени кредити... Во октомври, кредитната задолженост на граѓаните изнесувала 1,7 милијарди евра и според најновите податоци на Народната Банка задолженоста и во десеттиот месец во однос на претходниот е во пораст. Според податоците, од почетокот на годинава, во континуитет расте задолженоста и со денарски и со девизни кредити. Граѓаните најмногу се задолжувале со потрошувачки кредити, така по овој основ во октомври тие на банките должеле 745 милиони евра. Расте и задолженоста по основ на станбени кредити, која во октомври достигна скоро 348 милиони евра. Податоците укажуваат на раст на задолженоста и по основ на кредитни картички и други видови на кредити, додека намалување има кај автомобилските кредити и негативните салда на тековните сметки. Според најновите податоци на Народната Банка во октомври вкупната кредитна задолженост на фирмите и на граѓаните во банките изнесува 4 милијарди евра и за еден месец се зголемила за околу 17 милиони евра. Податоците покажуваат дека се зголемува кредитната задолженост во денари, додека задолжувањата во странска валута се намалуваат. Во исто време, додека се мери пораст на кредитната активност, податоците покажуваат и раст на нефункционалните, односно проблематичните кредити кои во октомври достигнаа ниво од скоро половина милијарда евра, што е до сега највисоко измерено ниво.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката