05 Декември, 2025
0.1253

„Стандард и Пурс“ одлучи да не ги коментира обвинувањата од македонската Влада

Објавено во: Финансии 29 Мај, 2013 08:08

Добивај вести на Viber

Агенцијата „Стандард и Пурс“, нема намера да ги коментира обвинувањата што Министерството за финансии ги упати до нив по намалувањето на кредитниот рејтинг Македонија. Од Агенцијата остануваат на напишаното во извештајот, кој пак македонското Министерство за финансии го оцени како необјективен, нелогичен и како мешање во внатрешните работи на земјата. Фактор писмено се обрати до „Стандард и Пурс“, и побара став од нив за обвинувањата упатени од македонското Министерството за финансии.  Сепак од  „Стандард и Пурс“, во официјалниот допис ни го испратија целосниот извештај, кој веќе беше објавен, на тој начин упатувајќи на тоа дека немаат што повеќе да кажат, а се што треба е напишано во самиот извештај, на кој Агенцијата останува и нема да го коментира дополнително. Што напиша „Стандард и Пурс“ во извештајот Намалувањето на кредитниот рејтниг, е всушност одраз дека економскиот раст на Македонија е се понепредвидлив и последиците од фискалната политика се должат на:
  • Регионални економски пристисоци
  • Проблемите на мајките-компании на домашните банки
  • Потешкотии во управувањето со државниот долг
  • Последните зголемувања на капитални расходи за непродуктивни цели
Како резултат на ваквата состојба во земјата, очекуваме дека просечната годишна стапка на раст на македонскиот БДП во текот од 2013 до 2015 година ќе биде до 2 отсто, односно помалку од половина од просечниот раст во периодот од 2008 до 2009 година,  во екот на финансиската криза. Со вакава стапка дури е неверојатно да се генерираат нови работни места, за да се намали стапката на невработеност од 31 отсто која неодмна Македонија ја објави. Тоа од друга страна отвора нови прашања во однос на одржливоста на сегашниот сет на политики. Во периодот помеѓу септември 2012 и февруари 2013 година Владата се задолжи на надворешниот пазар делумно за да ги отплати акумулираните долгови кон приватниот сектор по основ на договори, како и за враќање на ДДВ-то. Сметаме дека постои ризик за намалување на буџетските приходи и појава на дефицит во текот на 2013 година, а тоа пак кон крајот на гоидната ќе придонесе натамошно акумулирање на долгови кон стопанството, особено ако има пречекорувања кај расходите. Очекуваме државниот јавен долг од сегашните 34 отсто, да се зголеми до 37 отсто од БДП до крајот на 2016 година, пишуваше во изваштајот на „Стандард и Пурс“ Реагираше Министерството за финансии Министерството за финансии во писмена реакција посочи дека во однос на извештајот за рејтинг на кредитната агенција Standard&Poor’s,  информира дека има сериозни забелешки за квалитетот на анализата, точноста на податоците и наведените причини за намалување на кредитниот рејтинг. „Прво, намалувањето на кредитниот рејтинг се поврзува со намалената проекција за економски раст и заостанати обврски на буџетот и можност за нивно акумулирање до крајот на годината. Ова е многу чудно и неконзистентно објаснување, ако се има предвид дека во 2012 година S&P го задржа рејтингот на Македонија на исто ниво во услови на негативна стапка на БДПи нерешени обврски кон стопанството. А сега во 2013 година кога растот на економијата е позитивен и има први знаци на заздравување, а заостанатите обврски се целосно измирени и долгот е сведен на нула – S&P го намалува рејтингот на земјата. Очигледна е неконзистеноста на рејтинг агенцијата. Агенцијата со својот извештај си дозволува и да се меша во внатрешната политика на земјата зборувајќи за случувањата во Собранието околу носењето на Буџетот за 2013 година, реагираше Министерството за финансии. Премиерот Никола Груевски ја смирува топката Сепак по ваквата остра реакција од министерството за финансии, премиерот Никола Груевски без да ги коментира деталите од извештајот посочи дека во иднина, максимално ќе се работи на продуктивни инвестиции. “Ние и досега обрнувавме големо внимание на структурата на инвестициите, и отсега тоа ќе го правиме и ќе се трудиме колку што е можно да бидат попродуктивни расходите. Но, знаете, секогаш секоја држава има ситуација кога треба да инвестира и во нешто што е поврзано со други работи, поврзани со државноста на таа држава, но како и да е, ќе се трудиме во иднина да имаме максимално колку што е можно повеќе продуктивни инвестиции.“, рече Груевски. Венко Глигоров, аналитичар и бизнисмен Досегашниот кредитен рејтинг на Македонија (BB стабилен) не е доволен за засилено привлекување на странски инвестиции ниту за олеснување на извозните проекти на стопанствениците. Намалувањето на ББ - е уште полоша состојба, посочува аналитичарот и бизнисмен Венко Глигоров. “Помалиот кредитен рејтинг значи и поголеми камати при кредитирањето на фирмите кое ќе доведе до поскапување на производите за фирмите и граѓаните. Помал рејтинг значи поголеми трошоци за македонските компании при извозот зошто треба да се грижат за поголем маркетинг, да се плаќаат поголеми давачки во осигурувањето, а увозните компании се оптоварени се поголеми трошоци при увозот бидејќи странските партнери се заштитуваат повеќе во соработката, смета Глигоров. Експертската јавност повикува да не се игнорират оценките и да се преземат мерки. “Сево отвора негативна спирала и затоа е потребно Владата најсериозно да пристапи кон подобрување на кредитниот рејтинг наместо енергијата да ја троши на создавање на опоненти и непријатели во светските агенции. Владата на РМ е потребно итно да изготви програма со мерки кои ќе доведат до кредитен рејтинг на Македонија од најмалку BBB за да се почувствуваат позитивни придобивки во економијата. Во извештајот на Стандард и Пурс се наведени областите заради кои Македонија доби послаба оценка. Овие области треба да бидат во фокусот на активностите на Владата на РМ“ , смета Глигоров. Крсте Шајновски, универзитетски професор Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, практично го потврди и подобро го прочита извештајот на Мисијата на ММФ и врз таа основа ја утврди оценката за долгорочниот кредитен рејтинг, смета универзитетскиот професор Крсте Шајноски. „Во незадоволството од намалување на рејтингот  речиси не се забележа дека Агенцијата го потврди краткорочниот кредитен рејтинг на земјата на ниво „ББ“, а тоа е во согласност со позитивните оценки на мисијата од ММФ. Но, кој да го анализира тоа кога извештајот на Мисијата се прочита селективно (само позитивните оценки), а не и критичките забелешки за неповолните трендови и случувања до кои може да дојде доколку „повторно не се воспостави“ среднорочна стратегија за управување со буџетот и долгот, бидејќи без тоа постои ризик за растот. Забелешките на ММФ кои власта не ги прочита , а Агенцијата ги  валоризира  со пониска оцена се содржани во делот каде Фондот бара поголема буџетска транспарентност што пак ќе претставува рамка за приоритетите на потрошувачката. На овој начин се очекува дека ќе се обезбеди одржливост на фискалната политика, со што ќе се создаде соодветен буџетски простор за структурните приоритети со цел одржување на поволна бизнис-клима со ниски даноци “ - оцени Шајноски. С.Н.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката