СТАПИ НА СИЛА ДЕНЕСКА: Русите четири месеци нема да увезуваат нафта
Објавено во: Економија, Корона Вирус 02 Јуни, 2020
Русите нема да увезуваат нафта.
Русија денеска воведе привремена забрана за увоз на нафта.
Oва е антикризна мерка за да се поддржи домашната преработка на нафта и одржување на вработеноста.
Од денеска во Русија стапи на сила привремена забрана за увоз на бензин, дизел, керозин, бродско гориво и плин. Целта е на тој начин да се даде поддршка на домашната нафтена индустрија.
Забраната ќе трае до 1 октомври и таа е одговор на зголемената испораката на бензин во април од Белорусија со железница.
Во вториот квартал оваа година таа се зголеми за 1,5 проценти од вкупната потрошувачка на бензин во земјата
Многу руски купувачи на белоруски горива, земајќи ги предвид трошоците за транспорт, плаќале 500 рубли помалку за тон отколку да го купиле на домашниот пазар каде понудата падна.Глобално, вчера нафтата се стабилизираше со цена над 38 долари за барел.
Ријад пак идниот месец планира да ја зголеми продажната цена на лесната нафта за арапските земји за 3,80 долари за барел.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.