СТАТИСТИКА: Помалку склучени бракови и повеќе разводи
Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2017 12:41
Во последниот квартал лани се склучени 2 922 бракови.
Бројот на склучените бракови во последното тримесечје од 2016 годината е намален за 15.4% во споредба со истиот период од 2015 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на разведените бракови во ова тримесечје од 2016 година е зголемен за 7.9% во споредба со истиот период од 2015 година и изнесува 720 разведени бракови.
Во Скопје имало 674 бракови и 223 разводи.
Во Гостивар се склучени 135 бракови, а се развеле 43 брачни двојки.
Кавадарци има 50 бракови и 15 разводи.
Куманово има 144 бракови и 18 разводи. Во соседната општина Липково има 60 бракови и 6 разводи.
Прилеп има 130 склучени бракови и 31 развод.
Во Тетово имало 167 бракови и 68 разводи.
Во Штип се склучени 46 бракови, а имало и 26 разводи во тој период.
Во ова тримесечје разводи немало во Чашка, Чешиново - Облешево, Центар Жупа, Старо Нагоричане, Ранковце, Пехчево, Могила, Лозово, Кривогаштани, Крива Паланка, Конче, Зрновци, Зелениково, Демир Капија, Демир Хисар, Делчево, Дебарца и Вевчани.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите




