СТАТИСТИКА: Во април забележан пад на индустријата
Објавено во: Економија, Корона Вирус 01 Јуни, 2020
Забележан е пад на македонската индустрија.
Ова може да се види од податоците кои ги објави Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април оваа година, во однос на април лани се намалило за 17 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пад од 40.5 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.1 отсто.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во април 2020 година, во однос на април 2019 година, има опаѓање кај Енергија за 8.4 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 22 отсто, Капитални производи за 70.8 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 48.3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 28.5 отсто.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.