16 Декември, 2025
0.0666

СТАТИСТИКИТЕ КОНТРА БИБЛИОТЕКИТЕ: Во Македонија сe помалку се чита или сепак не е така?

Објавено во: Македонија 21 Декември, 2018 06:41

Добивај вести на Viber

Опаднал бројот на читатели во библиотеките за период од неколку години, покажуваат статистиките.

Во 2010 година, библиотеките во Македонија имале 62 илјади членови, во 2013 година бројот скокнал на 101 илјади, а во 2016 паднал на 43 илјади членови.  Овие податоци ги објави Државниот завод за статистика, во публикацијата „Македонија во бројки“, и тие покажуваат надолен тренд. Мислењата за тоа дали имаме зголемена или намалена читателска публика се поделени. Дел од библиотекарите тврдат дека читалните се празни, иако по одредени поводи како патронен празник и почеток на учебна година се случува да има и акција за бесплатно зачленување. Се спомнува и фактот дека младите имаат опција да читаат книги и на интернет. 

Но, има и библиотеки кои се задоволни од бројката на читатели.

„Ние имаме зголемување на бројот на читатели. Лани беа над 400, а сега се повеќе од 500, што значи дека имаме стотина читатели повеќе. Интересно е што и постарите сакаат да читаат, членовите бараат литература и на англиски јазик, а студентите читаат стручна литература“, вели Билјана Петровска, директорка на јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево.

Од библиотеката „Ванчо Прке“ во Виница велат дека лани имале 930, а сега имаат 990 читатели, при што меѓу нив има и вработени, невработени, најголем дел или 633 се ученици, но има и по педесетина студенти и пензионери.

Од струмичката библиотека „Благој Јанков Мучето“ објаснуваат дека се задоволни со бројот на читатели, и дека имаат различни форми за привлекување на читатели, саеми, промоции.

„Најмладиот читател има 3 години, а најстариот е читателка на возраст од 87 години. Од 7 до 19 часот, додека да ја затвориме библиотеката ние имаме корисници и сме задоволни, иако сме мал тим, функционираме прекрасно“, изјави директорката Тања Гошева.

Од библиотеката „Страшо Пинџур“ во Неготино, велат дека откако во 2015 година преминале од затворен во отворен тип, односно наместо на шалтери, сами читателите да си бираат книга, имаат повеќе корисници. Сега таа бројка е околу 1.000, а велат дека највеќе се чита белетристика.

Ако споредиме со други земји,  податоците од Европската статистичка служба годинава покажаа дека најмногу читаат Естонците, или во просек по 13 минути дневно посветуваат на читање, а зад нив се Финците и Полјаците со по 12 минути читање дневно. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“