05 Декември, 2025
0.1613

Став Благица Петрески: Расходната страна се зголемува и предизвикува пораст на буџетскиот дефицит

Објавено во: Финансии 18 Јули, 2015 09:50

Добивај вести на Viber

Ревидираната проекција на растот на БДП на Министерството за Финансии е во линија со проекцијата што ја даде Finance Think, вели Благица Петрески, извршен директор на “Finance Think”. Ребалансот на буџетот главно е алокација на повисоките приходите од планираните, но истовремено расходната страна се зголемува повеќе и предизвикува раст на буџетскиот дефицит. Сепак, најголем дел од овие средства ќе се наменат за трансфери, а многу помалку за капитални расходи. Нашата прогноза е дека растот годинава ќе биде на ниво од 3.4%. Нов циклус на оценка на идниот економски раст следува со почетокот на есента кога ќе излеземе со нова проекција. Во однос на политичкиот договор помеѓу власта и опозицијата, тоа  е само прв чекор кон стабилизација, но позначајно е неговата имплементација, Според Петрески неизвесности сеуште постојат, главно поради најавените избори. Премногу е рано да даваме оценки за ефектите од договорот врз економијата. Ефектите ќе зависат од неговото исполнување. Со  оглед на тоа што договорот има вградено и долгорочни мерки и меѓународен мониторинг, се очекува неговата имплементација да даде поголема економска стабилност. Ризиците предизвикани од политичката криза главно се одразија преку неизвесност и воздржаност кај бизнис секторот и странските инвеститори., за да се врати довербата и кај домашните и кај странските инвеститори. Најавените избори ќе значат економска неизвесност за бизнис заедницата во земјата. Најпрво, за време на најавени избори целата енергија е насочена кон политичката кампања, а многу помалку на економските реформи во земјата, што влијае на бизнис климата. Исто така, новите избори може да значат и нови мерки и програми, кои пак претставуваат дополнителна неизвесност кај бизнисмените при донесувањето на одлуки, посебно долгорочни. Второ, изборите испраќаат сигнали на неизвесност и кон странските инвеститори како резултат на несигурноста за исполнување на условите под кои ја донеле одлуката за инвестирање.Доколку оценуваме според  минати искуства, секогаш буџетските трошења драстично се зголемуваат непосредно пред изборите. Со оглед дека буџетскиот дефицит е во пораст изминатиот период, непродуктивните трошења потребно е да се сведат на минимум.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката