06 Октомври, 2024
0.0259

СТАВ Катарина Синадиновска: Потпишаниот договор треба да донесе сериозни системски промени во Македонија!

Објавено во: Економија 15 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Катарина Синадиновска од неделниот весник Капитал смета дека договорот кој политичките лидери и комесарот Хан успеаја да го постигнат после 12 часа жешки преговори е само почеток и увертира во бурниот политички период кој и следи на Македонија.

Според Синадиновска клучен елемент ќе биде изборот на специјалниот обвинител иод него зависат  многу разврски.

Македонија влегува во еден бурен политички период и постигнатиот договор е само увертира за истиот. Според она што можевме да го прочитаме како ставки од договорот, клучен елемент ќе биде изборот на специјалниот обвинител оти мислам дека од тоа и од него ќе зависат многу разврски. Без сериозна истрага за сите сомневања за огромен криминал којшто бил сторен низ годиниве, не може да се очекува поместување од мртвата точка во којашто е заглавена македонската демократија. Многу е важно да се има на ум дека ова не смее да биде меѓупартиски договор! Ова мора да е клучна пресвртница во функционирањето на македонското општество и институциите на системот. Самиот факт што воопшто имаше преговори говори до кое дередџе дошла нашата земја. Во нормална држава, во која институциите функционираат зарем ќе имаше потреба да се "мачи" и остава без сон некој европски комесар за криза којашто немаше ни да постои ако обвинителството си ја вршеше работата, ако навистина се работело на реформи не 24/7 туку барем 8/5, ако имаше фер изборни правила, ако судството не било полно со делители на сваровски- правда, ако партизацијата не беше навлегла до сржта на македонската администрација, ако и ако... Оттука, мора да се менува системот! Не владата и партијата, туку целиот систем и кој и да е следен премиер ќе мора таа промена да ја испорача! Значи неселективна санкција за сите оние коисто вака или онака ги трошеле јавните пари спротивно на јавниот интерес под еден, и под два почеток на сосема нов меинстрим во владеењето. Дека не е само договорот или оставката на Груевски успех. Големи проекти стојат пред оваа мала земја, без кои нема демократска иднина. Попис, процистување на избирачкиот список, промена на изборниот модел (ајде да видиме какви ќе се изборните резултати во една изборна единица и со отворени листи), реформа на јавниот сервис, департизација на економијата, ослободување на бизнисот, цистење на јавната администрација, формирање на капацитет (намерно не велам јакнење оти за да се јакне треба да постои) на судовите итн итн... Дополнително, СДСМ има за испорака уште две три бомби според најавите. Граѓаните имаат право на целата "вистина за Македонија" за да не испадне дека е сечена и монтирана и користена само за борба за власт. А од ВМРО ДПМНЕ што се очекува? Можеби серија нови митинзи во специјално за администрацијата неработни денови, нови обвинувања за странските служби и вуду магиите, силење на медиумските куциња и нисто чудно и кревање на нови мегуетнички тензии, оти според вчерасните првични коментари како никој да не им кажал на нивните, ни дека натпреварот завршува, ни дека тие не победуваат. Не знам дали ште забележале, но во целава ситуација најсмешни се лидерите и политичарите од албанскиот политички блок кои упорно глумат лудило поздравувајќи или поттикнувајки на компромис како да се дипломатски претставници, а не до гуша и самите креатори на кризата. Затоа уште еднаш да потенцирам- јакнење на граѓанската свест и формирање на силно граѓанско општество кое што веќе никогаш нема да дозволи султан лидери да си ја обезбедуваат сопствената и иднината на нивните деца, на сметка на онаа на граѓаните и државата.

Фактор во серија ставови со дел од македонските новинари и уредници ќе се обиде да го пренесе мислењето за постогнатиот договор од вчера помеѓу македонските политички лидери.

Г.Ч.

Можеби ќе ве интересира

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?