19 Декември, 2025
0.0860

СТАВ, ПРОФЕСОР Биљали: Капитулацијата на Груевски во својот двор е шанса самата партија да добие нормално водство

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2017 18:31

Добивај вести на Viber

„Не сум многу сигурен дека и наводното пропаѓање на преговорите меѓу ДПМНЕ и ДУИ за формирање нова влада не е некој договорен блеф. Тоа е нешто што повеќе припаѓа на сферата на актерството“, вели во кратка изјава универзитетскиот професор Мерсел Биљали коментирајќи ја актуелната политичка состојба, неуспешниот обид на екс премиерот Никола Груевски да добие парламентарно мнозинство, и што да очекуваме на политичката сцена.

Професорот Биљали смета дека ДУИ вистински ќе се одлепи од ДПМНЕ само кога ќе биде сигурна дека веќе не е опасна.

„Нив ги врзувале многу работи, што вклучувајќи и тоа што е сосема видливо а е астрономски. Мислам дека тие и понатаму сонуваат за таква црно-финасиска идила, и секоја промена е ризик за едни луѓе од двете партии. Целата таа игра ја потпомага една статична фигура што ние од формални причини го нарекуваме шеф на државата“, вели тој.

Професорот Биљали е оптимист дека Македонија наскоро ќе има Влада.

„Сега мислам дека Заев има далеку далеку повеќе коалициски капацитет со другите партии и етникуми, така што јас цврсто верувам дека наскоро ќе имаме нова влада. 

Дури и при таков празноглавно-плавушки експеримент дека ДПМНЕ може пак да го добие мандатот со друг мандатар, е само одложување на неколку десетина дена што е од голема штета. Водството на ДПМНЕ е пред тотална капитулација и во својот двор, така што реформите ќе и помогнат и на самата партија на Груевски оти има шанси да добие нормално водство“, дециден е Биљали .

И.С.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието