Ставрески: Ако опозицијата го закочи кредитот од Светска банка, Владата ќе земе пари од друго место
Објавено во: Финансии 13 Декември, 2012 18:46
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески,уште еднаш апелираше до опозицијата да не го кочи носењето на Буџетот, како и задолжувањето кај Светска банка, укажувајќи дека договорените заеми се со исклучително поволни услови и оти во спротивно Македонија ќе има штета од 84 милиони евра.
Според Вицепремиерот преговорите со Светска банка и одобрените финансии се договорани со цел да се поддржат реформите во Република Македонија и се дадени од СБ врз основа на анализи на сите економски преформанси на Македонија како и резултатите во минатото и проекциите за во иднината. Тој појасни дека првиот заем од 50 милиони американски долари е со камата од само 0,6 проценти, додека Вториот заем од СБ, којшто е практично од деловни банки, но со гаранција од СБ, ни ги даваат заради добрите перформанси и дисциплината и во делот на буџетската политика и фискалниот дефицит. „Вториот заем ќе го добиеме со камата пониска од четири проценти. Во вакви околности да се добие заем со таква камата и којшто овозможува да се финансираат сите потреби на државата вклучително и исплата на обврските настанати во време на владите на СДСМ, но ние како држава ги признаваме прифаќаме и ги сервисраме, навистина е политички неодговорно и штетно“, истакна вицепремиерот. Замислете, додаде тој, како изгледаше за една политичка партија да добие таков дециден одговор од меѓународна финансиска институција која професионално и стручно ви кажа дека долгот на РМ е умерен и оти здраво се водат финансиите и буџетската политика е рационална и разумна. Според Ставрески, ако опозицијата продолжи со опструирање на заемите во Парламентот тогаш ќе мора да се пристапи кон другата алтернатива, односно да се излезе на меѓународниот пазар на капитал со еврообврзница или со доларска обврзница којашто сигурно носи камата која е два пати и повеќе повисока од просечната камата на средства, што ќе и донесе големе штета на Македонија од точно 84 милиони.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“





