05 Декември, 2025
0.0429

Ставрески: Не очекувам да дојде до заострување на условите за кредитирање

Објавено во: Финансии 27 Февруари, 2013 12:42

Добивај вести на Viber

Нема ниту една причина за да дојде до заострување на условите за кредитирање. Општите услови на европскиот пазар се речиси идентични како што беа на крајот од минатата година, така што не очекувам во пракса да има потреба од заострување на условите за кредитирање,изјави денеска министерот за финансии Зоран Ставрески на новинарско прашање дали најавата од страна на банките за заострување на условите за кредитирање се тоа лоши сигнали за економијата на крајот од првиот квартал.

- Треба да настојуваме, и банките во вакви околности, да не ги влошуваат условите за граѓаните и за стопанството, бидејќи врeмињата се тешки за сите и секој треба да го понесе товарот во својот дел. Моите лични очекувања се дека нема да дојде до никакво влошување или заострување од страна на банките, рече Ставрески.

На прашање дали капиталните инвестиции се развиваат според предвидената динамика и колкав раст на економијата се очекува во првиот квартал, Ставревски истакна дека се уште е рано да се зборува за растот на економијата во првиот квартал. Сепак,додаде дека треба да почекаме да поминат два-три месеци и да имаме некакви податоци барем за индустриското производство за да зборуваме за другите показатели.

- Она што можам да кажам е дека програмата за капитални инвестиции е амбициозна и вклучува реализација на повеќе крупни проекти. Со почетокот на градежната сезона, вториот квартал ќе се интензивираат работите на изградбата на Коридорот 10, на делницата Демир Капија - Смоквица, а очекувам да почне и реконструкцијата на пругата од Куманово до Бељаковце, како и многу други проекти кои се во делот на патната инфраструктура, како и реконструкцијата на училиштата и болниците, изјави Ставрески.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“