Добивај вести на Viber
Состојбите со долгот се транспаретни и досега објавувани на веб страницата на Министерството за финансии, па првиот финансиер Зоран Ставрески смета дека опозициската СДСМ со непотребен сензационализам го третира ова прашање.
„Нема ништо ново. Се користи податок којшто е објавен во претпристапната економска програма од минатата година. Тоа е податок што од септември 2012 до септември 2013 година беше објавуван на сите веб страници како претпристапна економска програма. Значи секој оној што сака да ги добие овие податоци има мноштво извори од каде може да ги црпи овие податоци“, изјави вицепремиерот Ставрески, одговарајќи на вчерашните обвинувања од СДСМ околу состојбите со јавниот долг.
Тој потенцира дека нивото на државниот долг на земјата до крајот на декември изнесувало 34,3% од БДП и оти е четврти најнизок долг во Европа. Опозициската СДСМ, пак, вчера излезе со тврдење дека јавниот долг на државата надминува 44% од БДП и презентираше податоци во поткрепа на овие свои тврдења.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.