05 Декември, 2025
0.0308

Ставрески со ребалансот ветува повеќе пари за автопати

Објавено во: Финансии 04 Септември, 2014 14:24

Добивај вести на Viber

Ребалансот на Буџетот за 2014 година ќе помогне за интензивирање на реализацијата на инфраструктурните проекти, особено на Коридорот 10 и задржување на фискалната дисциплина и поддршката на економијата, вети вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Тој го образложи ребалансот пред пратениците, кои денеска треба да расправаат за прекројувањето на државната каса. Според Ставрески се врши корекција и на приходната и на расходната страна која е помала од два проценти и затоа „ова претставува мал ребаланс, но потребен за да се заврши годината онака како што се планираше“. Најголемата промена што се прави на расходната страна е обезбедување дополнителни средства од 1,42 милијарди денари за изградба на Коридорот 10, односно автопатот Демир Капија-Смоквица кој се одвива со поинтензивна динамика од предвидувањата и е планирано да заврши до август 2016 година. Токму додавањето средства во оваа ставка, според Ставрески, предизвикува и зголемување на буџетски дефицит кој сега се позиционира на 3,9 проценти. Како резултат на состојбите во економијата во првиот квартал и случувањата во индустриското производство извршено е и ревидирање на проекцијата на БДП која, како што рече министерот за финансии, оди нагоре од 3,2 на 3,5 проценти „со потенцијал да биде и повисок од 3,5 проценти“. Во образложението по ребалансот министерот Ставрески потенцира дека вкупниот долг на централанта влада заклучно со јули 2014 година изнесува 40,8 проценти од БДП со што Македонија останува меѓу 10-те земји во Европа со најмало ниво на долг, односно со умерено ниво на задолженост и оти таа политика ќе продолжи и во следниот период. Притоа, тој смета дека со средствата од еврообврзницата издадена во јули обезбедени се доволни средства за финансирање на буџетот и она што следи во наредните години. Според Деловникот, расправата за ребалансот на буџетот може да трае најмногу пет дена.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката