05 Декември, 2025
0.1457

Ставрески тврди – Македонија се уште е ниско задолжена земја

Објавено во: Финансии 04 Февруари, 2014 20:32

Добивај вести на Viber

Долгот на Македонија во моментов изнесува 34,3 % од БДП и е 4-ти најнизок во Европа, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, откако Фактор денеска објави дека државниот долг достигна 2,7 милијарди евра, што е највисоко ниво од 2005 година. Во изјава за Сител, Ставрески додава дека во 2005 државниот долг изнесувал 38,4% од БДП, што е за 4 процентни поени повисоко од сегашното ниво. Лани Македонија исплатила 256 милиони евра кон странство, што придонесувало земјава да остане во групата ниско задолжени. „Во наредниот период дефицитот ќе се намалува, што ќе доведе до одржување на задолженоста на ниско ниво“, најави првиот финансисер, според кого исто колку што е важно колкав е долгот, значајно е и што се постигнало со парите од земените кредити. „Регионалните и локални патишта кои ги реализиравме исто така помогнаа да се поврзат многу рурални средини со градските средини или, пак, да се реновираат некои регионални патишта низ Република Македонија, а секако, круна на тоа ќе биде изградбата на новите автопати од Скопје до Штип и од Кичево до Охрид како прв сегмент во изградбата на нови автопати во Република Македонија. Се работи за комплетни, добри проекти коишто се неопходни за да се подобри животот на граѓаните во Република Македонија“, истакна Ставрески. Фактор денеска ги објави најновите податоци на Министерството за финансии, според кои заклучно со декември, дома и кон странство државата должи 2,7 милијарди евра. Што откриваат овие податоци, прочитајте повеќе на следниот линк: ДОЛГ ОД 2,7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Највисоко ниво од 2005 та година !  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката