Стејт Департмент: Во Македонија корупцијата е раширена, судството под притисок
Објавено во: Македонија 04 Март, 2017 08:20
Стејт Департментот во најновиот извештај за состојбите во Република Македонија оценува дека корупцијата е широко присутно, а се врши и голем притисок и врз судството, додека пак во сите јавни сфери има големи недостатоци.
Во проблемите што произлегуваат од непочитување на владеење на правото во Македонија се вклучени ограничувањето на слободата на медиумите, мешањето во судството, попречувањето на работата на Специјалното јавно обвинителство, како и селективното спроведување на правдата.
Исто така, во извештајот се наведува дека судскиот систем во Македонија го карактеризираат политички мешања, неефикасност, фаворизирање на добро позиционираните личности, пролонгирани процеси, кршење на правото на јавно судење и корупцијата.
„Пријавени се и физичко малтретирање притвореници и затвореници од страна на полицијата и затворските чувари, лоши услови и пренатрупаност во некои од затворите и психијатриските установи, одложен пристап до правна помош за притворениците и обвинетите, ограничување на правото на Ромите да ја напуштат земјата и да ги добијат уставно гарантираните здравствени, особено гинеколошки услуги, ограничување на пристапот до азил, намалена превенција и заштита на жртвите од трговија со луѓе, семејно насилство кон жените и децата, дискриминација на луѓето со попречености, институционална и социјална дискриминација на Ромите и другите етнички малцинства и на ЛГБТИ заедницата, како и детски труд, вклучувајќи и принудно питачење“, се наведува во извештајот.
Стејт департментот исто така наведува дека владата презела ограничени чекори во истражување, процесирање и казнување на официјалните претставници кои направиле прекршувања, вклучително и полициските службеници виновни за прекумерна употреба на сила, но неказнивоста продолжува да биде широко распространет проблем.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




