Стевчо Јакимовски: Новиот директор на ЈП „Водовод“ Скопје е од ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2022 19:29
Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Општина Карпош, му порача на ВМРО-ДПМНЕ дека мора да ги почитува независните кандидати зад кои застанал со поддршка претходно на изборите.
Претседателот на ГзРОМ, кој претходно ја раскина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, алудираше на ескалацијата на лошите односи помеѓу градоначалничката на Град Скопје, данела Арсовска, и директорите на скопските претпријатија.
- Пак им стави човек од ВМРО-ДПМНЕ на „Водовод“ и никому ништо. Како едвај да ја чекале кавгата со градоначалничката. Претходно исто им се случи со Трифун Костовски. Се случи и со Ристо Пенов. Мора да има фалинка кај нив. Мора да ги респектирате тие личности, рече Јакимовски.
Тој вели дека е недозволиво наеднаш да се вработуваат стотици нови работници во комуналните претпријатија и рече дека има добра соработка со централната власт. Спомена дека со актуелната директорка на УЈП, Сања Лукаревска, договорил деблокирање на сметката на Општина Карпош и плаќање на долгот на рати.
Можеби ќе ве интересира
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило




