Стипендии за онлајн професионална програма
Објавено во: Мои пари 04 Ноември, 2016 10:09
Првпат во Македонија се врши упис на онлајн професионална програма која ја нуди виртуелен кампус формиран од факултети од Македонија, Словенија и Турција. Програмата наречена е-ПРОФМАН е одлична можност за млади професионални и студенти кои сакаат да стекнат или да унапредат вештини за иновативен менаџмент, лидерство и стратегиски комуникации. Оваа едногодишна програма е финансирана од Програмата ЕРАЗМУС+ на Европската Унија и овозможува целосни стипендии за нејзините учесници. За е-ПРОФМАН разговараме со нејзиниот координатор во Македонија Дејан Андонов.
Фактор: Која беше потребата за креирање на Онлајн професионалната програма за иновативен менаџмент, лидерство и стратегиски комуникации – е-ПРОФМАН?

Во своите напори да го подобри квалитетот на онлајн учењето, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста формираше виртуелен кампус заедно со Факултетот на бизнис и применети студии ДОБА од Словенија и Истанбул Универзитетот од Турција. Овој виртуелен кампус ја разви Онлајн професионалната програма за иновативен менаџмент, лидерство и стратегиски комуникации – е-ПРОФМАН. е-ПРОФМАН овозможува преку гранична соработка на учесници од различни европски држави кои ќе усовршат претприемнички, лидерски и комуникациски способности со цел да бидат поконкурентни и да можат да ги искористат придобивките од бизнис опкружувањето.
Фактор: Зошто програмата е-ПРОФМАН претставува уникатна можност за професионално усовршување?
Дејан Андонов: Ваков виртуелен кампус на високообразовни институции од Македонија, Словенија и Турција се воспоставува првпат во овој регион. Кампусот нуди виртуелна мобилност на нејзините учесници, олеснувајќи им пристап до меѓународна програма особено на професионалци и студенти кои немаат можност за студентска размена заради економски, социјални, семејни или други причини. На тој начин, виртуелниот кампус ќе им овозможида соработуваат со професионалци и студенти, како и предавачи од други европски земји.
Едногодишната програма е-ПРОФМАН е дизајнирана да ги задоволи потребите на меѓународниот пазар, но е прилагодена на специфичните предизвици на бизнис заедниците во Македонија, Словенија и Турција. При подготовката на наставната програма беше направено и истражување на пазарите во трите држави.
Студентите ќе бараат решенија за проблеми работејќи на проекти во мешани тимови, преку онлајн дискусии и постојан фидбек во виртуелна училница. Модуларната структура на е-ПРОФМАН им овозможува на учесниците да избераткурсеви кои најмногу одговараат на нивните потреби и желби.
Најдобрите пет учесници на е-ПРОФМАН ќе можат да имаат едномесечна пракса во компании надвор од нивната држава - во Македонија, Словенија или Турција, и за тој период ќе добијат поддршка од програмата во износ од 1.400 евра.
После завршувањето на програмата, учесниците добиваат меѓународен сертификат од трите високообразовни институции и 60 ЕКТС кредити.

Фактор: Опишете како изгледа програмата е-ПРОФМАН.
Дејан Андонов: Едногодишната програма се состои од пет онлајн курсеви - три задолжителни и два изборни, и студентски камп и финален семинар, кои ќе се реализираат од јануари 2017 до јануари 2018 година. Онлајн курсевите ќе ги оспособат учесниците да применуваат креативност и иновативност во управувачките стратегии, да се справуваат со генерацискиот јаз во водењето на една организација, како и да го зголемат значењето на комуникациската функција. Студентскиот летен камп и завршниот семинар ги следат и надополнуваат онлајн курсевите и на нив учесниците ќе развиваат креативни проекти одржливи за транснационалниот пазар.
При реализирање на е-ПРОФМАН ќе се применуваат методите и техонологијата на онлајн учењето. Онлајн платформата за учење обезбедува виртуелна училница, вебинари во живо и онлајн форуми, кои ќе ги олеснат индивидуалната и тимската работа и ќе овозможат постојан фидбек во рамките на виртуелниот кампус.
Наставниот тим го сочинуваат околу 20 предавачи од Македонија, Словенија и Турција со долгогодишно професионално искуство, кои исто така се и истражувачи, аналитичари иконсултанти.
Фактор: Една од најважните карактеристики на Програмата е-ПРОФМАН е дека нуди целосни стипендии. Како можат да се пријават заинтересираните кандидати?
Дејан Андонов: е-ПРОФМАН е финансирана од Програмата Еразмус+ на Европската Унија и овозможува целосни стипенди и за нејзините учесници. Програмата е наменета за млади луѓе на возраст до 35 години, кои можат да бидат вработени, практиканти или волонтери, во моментов да студираат или пак да се невработени. Условите за запишување не се рестриктивни и кандидатите треба да имаат завршено најмалку средно образование. Пријавите се доставуваат по електронски пат на веб страницата www.e-profman.eu. Освен на вебот, сите заинтересирани можат да се информираат за е-ПРОФМАН на info@e-profman.eu или преку социјалните медиуми Фејсбук, Линкедин и Твитер.
Можеби ќе ве интересира
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција




