05 Декември, 2025
0.0302

Сточарите од Дебар и Жупа се загрижени за извозот на јагнињата

Објавено во: Македонија, Агробизнис, Корона Вирус 19 Март, 2020 06:55

Добивај вести на Viber

Сточарите од Дебар, и Центар Жупа, општини каде е прогласена кризна состојба поради заразени со коронавирусот, се загрижени што ќе се случи со извозот на јагнињата.

Ги плаши целата ситуација околу ширење на заразата,  рестрикции и затворање на граници, а македонското јагне најчесто се извезува за Италија, земја која е најпогодена од вирусот. По Италија, Хрватска и Грција важеа за земји кои го бараат македонското јагне.

Скендер Аме од Здружението на сточари Даши од Дебар вели дека во двете општини имаат околу 30.000 јагниња, од кои 20.000 треба да се продадат.

„Цела зима сточарите даваат, сега треба да земаат пари од она што го сработеле, да купуваат репроматеријали. Не знаеме што ќе се случува. За недела дека би требало да се случи шпицот со извозот на јагниња,  а истиот треба да заврши за 20 дена“, вели Аме.

Додава дека дел од сточарите во регионот на Дебар и Центар Жупа се при крај со резервите на храна за добитокот, или пак овчарите им заминале, а по затворање на границите не можеле да се вратат назад.

Во Дебарско има околу 120 сточари, кои имаат 40.000 грла овци.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја следи состојбата со појавата на вирусот КОВИД 19 во нашата земја и влијанието врз земјоделството.

„Во тој контекст, знаеме дека за околу 10-тина дена е шпицот за извозот на македонското јагне на странските пазари и дека Италија е еден од клучните наши увозници на јагне. Со оглед на случувањата во Италија со вирусоткорона, доколку не може во оваа земја да се направи извоз, веќе разговараме и сме во комуникација со компаниите за барање на алтернативни пазари за извоз на македонското јагне. Нашата намера како ресорно министерство е јагнето да биде извезено, и ќе ги направиме сите обиди доколку не може во Италија нашето јагне да се извезе во други земји. Транспортот на стока не е забранет и ќе се одвива под посебни безбедносни протоколи. Но, со оглед на тоа дека не можеме да предвидиме што ќе се случува со ширењето на вирусот корона, какви мерки ќе преземаат останатите држави, доколку се случи да не се реализира целосно извозот, МЗШВ со соодветни мерки ќе им помогне на сточарите да ги покријат загубите, коишто секако ќе бидат донесени заеднички и во комуникација со сточарите и откупувачите на јагне. МЗШВ апелира до сите земјоделци, да ја имаат во предвид моменталната состојба со ширењето на вирусот КОВИД 19 во нашата држава и последиците што би можело да ги има земјоделството“, одговараат од МЗШВ.

Велат дека ќе бидат во постојана комуникација со сите земјоделци и стопанственици од агросекторот, со цел навреме да се носат мерки и да не трпат загуби.

Сања Атанасовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат