Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука
Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2025 09:39
Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа што во моментов во Македонија е само еден од нив, вториот ќе пристигне следната недела, а понатаму и третиот.
- Се направија дополнителни сервиси поради староста и користењето од минатите години. Требаше да бидат извршени некои дополнителни сервиси, за леталата да бидат безбедни, рече Ангелов.
Поранешниот директор на Центарот за управување со кризи додаде дека следната недела ќе се потпише договор за ангажирање на двајцата пензионирани пилоти.
- Следната недела ќе се потпише договор со двајцата пензионирани пилоти на ер-трактори и со тоа ќе имаме тројца пилоти на располагање. Веќе работам на наоѓање на нови пилоти и можам да кажам дека со двајца имам договорено од есен да се стартува со обука. Тоа е периодот кога најрано може да се стартува со обука, изјави Ангелов.
Тој додаде дека е во потрага по трет нов пилот кој има барем 500-тини часа летање зад себе и дека очекува за следната година нивниот број да биде шестмина кои би работеле сменски преку целиот ден.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




