06 Октомври, 2024
0.0343

Стопанска Банка АД Скопје оствари најдобри полугодишни резултати во текот на своето долгогодишно работење

Објавено во: Економија 29 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Менаџментот на Стопанска Банка АД Скопје  со задоволство ги објавува најдобрите полугодишни резултати кои Банката ги има остварено во текот на нејзиното долгогодишно работење. Нето добивката по оданочување остварена за првите шест месеци од 2015 година изнесува 1.105.953 илјади денари, и во споредба со истиот период од мината година е повисока  за 34,9%. Сите клучни финансиски индикатори, како: Поврат на актива (RoA), Поврат на капитал (RoE), Нето каматната маргина (NIM) и Трошоци во однос на приходи (C:I) забележаа натамошно подобрување во однос на истиот период од минатата година, кога исто така, беа на импресивно ниво. Посебно се нагласува фактот дека, и депозитната основа, и квалитетот на кредитното портфолио, се на многу задоволително ниво, и овозможуваат нови перспективи и можности за натамошно реализирање на успешни перформанси од аспект на добивката, капиталот и ликвидносната позиција на Банката во наредните години.

Како продолжение на истата стратегија, која се применува во сите изминати 15 години, Стопанска Банка и оваа година ја задржа остварената добивка во својот биланс, со цел за натамошно зајакнување на капиталната позиција, создавајќи поголеми можности за ефикасна поддршка на економијата, следствено, како што постапуваше во сите изминати години.

Во овој контекст, последното Собрание на акционери на Банката одржано во Јули, 2015 година, донесе одлука значителен дел од добивките реализирани во текот на минатите години, поточно ЕУР 35 милиони во денарска противвредност, да се пренесе во регулаторниот капитал на Банката, со што стапката на адекватност на капиталот се зајакнува уште повеќе и изнесува 17,7%.

Овие резултати на Стопанска Банка остварени во првото полугодие од 2015 година уште еднаш јасно ја рефлектираат долгорочната определба и довербата која Банката ја ужива во целата заедница, особено од страна на клиентите - физички и правни лица. За менаџментот и вработените на Банката ова остварување е уште една појдовна точка за исполнување на следните уште поамбициозни цели, кои од оваа Банка, како еден од носечките столбови на економијата, ги очекуваат клиентите, акционерите, вработените и пошироката заедница.

Можеби ќе ве интересира

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?