Стопанска Банка а.д.Битола со акција за штедење кај најмилите
Објавено во: Мои пари 31 Октомври, 2016 14:49
По повод меѓународниот ден на штедењето 31/10, Стопанска Банка а.д. Битола спроведе акција за едуцирање за значењето на штедењето кај најмладата популација.
Денеска нивни вработени ги посетија градинката „Песталоци„ во Скопје; градинките „Карпош„ и “Снежана„ во Битола и градинката „Детска радост„ во Струмица.

Освен едукативниот дел, каде на децата им беше објаснето значењето на градењето на навика за штедење од најмала возраст, презентиран е и нивниот производ за детско штедење-МУДРО ШТЕДИ.
„Производот е наменет за деца од нивно раѓање, па се до полнолетство. Производот не е само одлична шанса за отварање и развивање на штеден влог на вашите најмили, туку и НАЈДОБАР подарок за роденден или некоја пригода-детска книшка со штеден влог“, велат од Банката.
Овој производ овозможува неограничен број и износи на дополнителни вложувања за целото времетраење на орочувањето на депозитот.

Каматните стапки кои ги нудиме се значително поконкурентни од другите банки.
Имено за средства орочени во македонска валута, на 12 месеци добивате каматна стапка од 2.20%; за средства орочени на 12 месеци добивате каматна стапка од 3.40%; а за средства орочени на 36 месеци добивате каматна стапка од 3.60%.
Можеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




