05 Декември, 2025
0.0268

Стопанска банка – Битола оствари добивка од 11 милиони денари!

Објавено во: Финансии 04 Ноември, 2013 12:39

Добивај вести на Viber

Стопанска банка Битола оствари позитивен финансиски резултат во првите девет месеци од годинава. Еве што се вели во соопштението од банката објавено на Македонска берза. Во периодот јануари – септември 2013 година, Стопанска банка а.д. Битола успеа значително да го подобри финансискиот резултат така што после подолг временски период оствари нето добивка во износ од 11,12 милиони денари што е за 268,2 милиони денари подобар резултат од остварениот во истиот период минатата година кога загубата на Банката изнесуваше 257,1 милиони денари. Она што е уште позначајно е што овој резултат Банката го постигнува во услови на неповолна економска состојба во земјата и светот, кога финансиските институции сеуште ги трпат последиците од светската финансиска криза. Позитивниот финансиски резултат пред се се должи на ослободување на исправка на вредноста на финансиските средства на нето основа во износ од 304,2 милиони денари што е одраз на активностите на Банката за наплата на претходно оштетените побарувања и намалување на нефункционалните кредити. Нето приходите од камата се зголемени за 7,5 милиони денари споредено со 30.09.2012 година и истите се резултат на позначајно намалување на расходите за камати во однос на намалувањето на приходите од камати. Намалувањето на приходите по камати, во услови на зголемено бруто кредитно портфолио, е резултат на пониски активни каматни стапки следствено на намалувањето на референтната каматна стапка на НБРМ. Приходите од провизи и надомести се зголемени за 37,3% додека расходите за провизии и надомести се намалени за 37,8% така што нето ефектот е двојно поголем од истиот остварен во текот на разгледуваниот период од минатата година. Исто така во разгледуваниот период Банката оствари приходи по основ на дивиденди и капитални добивки од продажба на дел од превземениот имот што придонесе за зголемување од 75,7% на останатите приходи од дејноста. Паралелно со зголемувањето на приходните позиции, зголемување има и кај трошоците за вработените, амортизацијата и останатите расходи од деjноста и тоа 3,0%, 7,3% и 13,5% соодветно. Загубите поради оштетување на нефинансиските средства, на нето основа, се повисоки споредено со минатата година главно како резултат на постапување согласно Одлуката од НБРМ за сметководствениот и регулаторниот третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања. Во идниот период, Стопанска банка а.д. Битола ќе продолжи со преземање на соодветни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити и продажба на превземениот имот. Истовремено, Банката ќе настојува да го одржи трендот на раст на нето приходите од камати и провизии со што би се создале услови за дополнително подобрување на финансискиот резултат.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката