05 Декември, 2025
0.0457

Стопанска Банка – Битола пристигна и во Охрид

Објавено во: Финансии 07 Јуни, 2013 07:49

Добивај вести на Viber

Со навршувањето на 18 годишнината од постоењето на Стопанска Банка Битола како независна банка и 65 годишнината од појавувањето на пазарот во 1948 та година, банката основа нова експозитура во Охрид. Стопанска банка Битола продолжува со експанзија на бизнисот и низ останатите градови низ Републиката. Со влегувањето во Охрид со нова експозитура, Стопанска банка Битола ја заокружува бројката од 15 експозитури низ Македонија, што само ја потврдува определбата на менаџментот за поагресивен настап на делување во финансискиот сектор. Експозитурата во Охрид е особено значајна, посебно заради интенцијата на банката да се развие овој регион, кој ќе покрива население од 50 илјади луѓе. „Отворањето на оваа експозитура е од извонредно значење за охридско пелагонискиот регон кој останува наш главен таргет, во поддршка на еден регион со извонредни потенцијали за ширење на бизнисот. Во прво време  експозитурата во Охрид ќе биде логистичка поддршка и за останатите градови кои гравитираат во овој регион од Македонија. Со оглед на плановите на банката за развој на кредитирањето, посебно во поддршка на малиот бизнис и граѓаните,  цениме дека станува збор за одличен чекор од кој бенефит ќе има дури и туризмот во нашиот главен туристички центар“, изјави Владимир Ефтимовски, претседател на УО на Стопанска Банка Битола. Со експозитурата во Охрид се надополнува планот на Стопанска Банка Битола за континуираното ширење на мрежата, а според планот, предвидено е  во наредниот период отворање на експозитури во сите градови во Македонија кои бројат над 30 илјади жители. Територијалната експанзија на банката е само еден од успешните деловни потези  во мозаикот кој почна да го создава новиот менаџмнет на банката. Плановите за експанзија на Банката се мотивирани и од постојаниот раст на клиенти, правни и физички лица, што покажува дека банката се движи во добар правец, по почетната консолидација, откако новиот менаџмент презеде серија чекори за зголемување на профитабилноста во работењето.Тука секако се надоврзуваат и минатогодишните финансиски резултати, каде банката регистрираше драстично намалување на загубата, каде тековната загуба е 4,7 пати помала од загубата остварена во периодот јануари-март 2012 година. Стопанска Банка Битола веќе е присутна во 8 поголеми градови низ земјата,а тоа што е интересно е што токму годинава,  ова е трета отворена експозитура, по  веќе отворените две во Скопје, од кои едната веќе функционира како бизнис центар за покривање на скопскиот регион. Во Скопје Стопанска Банка Битола  е присустна со 5 свои експозитури .

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката