05 Декември, 2025
0.0514

„Стопанска банка“ Битола со добивка од 2,25 милиони евра до крај на септември годинава

Објавено во: Финансии 14 Ноември, 2014 09:40

Добивај вести на Viber

Експанзивната деловна политика на менаџментот продуцира раст на нето приходи од камати, раст на приходи од провизии и надоместоци, зголемена клиентска база, нови вработувања, ширење на мрежата експозитури и АТМ уреди.

„Стопанска банка“ Битола оствари профит од 138,5 милиони денари ( 2,25 милиони евра) во првите девет месеци годинава, покажуваат податоците од билансот на успех за во периодот 01.01-30.09.2014 година.
Најзначаен генератор на добивка се нето приходите од камати од редовно работење кои се за 178 отсто повисоки од тие што беа остварени во истиот период лани. Воедно значаен придонес врз добивката даде и наплатата на каматите од претходно отпишани побарувања. Заради зголемениот депозитен потенцијал, во овој период, раст бележат и расходите за каматии тоа во износ од 9 отсто во споредба со истиот период минатата година.
Банката оствари солиден раст и кај втората по големина најзначајна приход ставка - нето приходите од провизии и надоместоци. Нивниот износ е повисок за 10 отсто во споредба со периодот јануари-септември лани. Растот на оваа приходна ставка е директен резулат на успешната експанзивна деловна политика на менаџментот на банката во зголемениот обем на работа во: кредитирање на правни и физички лица, во платниот промет и засилен мониторинг на трошоците.
Во овој период банката бележи и силен раст на останатите приходи од дејноста и тие се повеќе од двојно повисоки од остварените во првите девет месеци 2013 година. Тоа се должи во најголема мерка на капитални добивки за банката од продажба на дел од превземениот посед. Воедно раст од 77,5 отсто во првите девет месеци годинава има и кај приходите од курсни разлики. Заради експанзивната деловна политика на менаџментот со цел освојување на подобра пазарна позиција на расходната страна на билансот на успех, за првите девет месеци годинава, забележлив е раст на трошоците за вработени за 10 отсто, останатите реасходи од дејноста за 24,5 отсто и трошоците за амортизација за 17,8 отсто. Во овој период овие расходи се зголемени заради тоа што банката отвори нови работни места во проширување на мрежата на нови експозитури и на АТМ уреди ширум земјава.
И покрај издвоената загуба поради оштетување на нефинансиските средства во износ од 120,59 милиони денари на почетокот на 2014 година, активностите на Банката за продажба на преземениот посед резултираа со ослободување на дел од претходно издвоената ревалоризациска резерва и тоа дополнително придонесе за подобрување на финансискиот резултат на Банката. Следствено на зголемената кредитна активност, за првите девет месеци годинава банката издвои исправка на финансиските средства, на нето основа, во износ од 39 милиони денари.
Банката ќе настојува преку понуда на конкурентни производи и услуги кои во целост ќе одговараат на потребите на нејзините клиенти,  да го одржи трендот на раст на нето приходите од камати и провизии со што би се создале услови за уште позначајно подобрување на финансискиот резултат. Воедно, согласно со деловната политика и развојниот план,банката и во идниот период ќе продолжи со активностите за наплата на нефункционални кредити, продажба на преземениот посед и контрола на трошоците.
 
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката