05 Декември, 2025
0.0361

Стопанска Банка – Битола со значајно подобрен финансиски биланс

Објавено во: Финансии 15 Август, 2013 08:17

Добивај вести на Viber

Финансиските перформанси се значајно подобрени, загубата во однос на лани е драстично намалена. Стопанска Банка – Битола го објави полугодишниот неревидиран извештај за првото полугодие од годинава. “Во периодот јануари - јули 2013 та година, Стопанска Банка а.д Битола го продолжи трендот на подобрување на финансискиот резултат и успеа да ја намали загубата за 90%, споредено со истиот период лани, што е особено значајно имајќи ја предвид лошата економска состојба во земјата и во светот“ коментираат од Стопанска Банка – Битола. За првото полугодие банката прикажа загуба од 268 илјади евра.  Значајното намалување на негативното салдо од банката го објаснуваат како резултат на намалување на нефункционалните кредити. “Помалата тековна загуба пред се е резултат на ослободување на исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа од 211,7 милиони денари, што е одраз на напорите на менаџментот за наплата на претходно оштетените побарувања и намалување на нефункционалните кредити.“ – велат од банката. Активноста зголемена – приходите во пораст!  За првото банкарско полгодие оваа битолска банка прикажа зголемен пораст на приходите од провизии и камати, што се толкува како одраз на зголемената банакрска активност на банката во периодот што измина. Така, Стопанска Банка – Битола во периодот од јануари до јуни прикажа нето-приход од камата во вредност од 1,2 милиони евра додека приходите од привизии и надоместоци изнесуваат 583 илјади евра, што претставува двоен пораст во однос на лани, истиот период. “Нето-приходите од камата бележат раст од 3,4% додека нето приходите од провизии и надоместоци се двојно зголемени, што укажува на зголемената активност на банката од аспект на обемот и квалитетот на кредитирањето во насока на подобрување на резултатот од работењето пред исправката на вредноста“ – соопштува Стопанска Банка-Битола. Во исто време, неревидираниот полугодишен извештај прикажува раст и на другите приходи од дејност за 14,2% во споредба со истиот период лани. Според информации од Стопанска Банка – Битола, банката ќе прикаже позитива на финасиското салдо по завршување на осумте месеци од годинава. Вкупниот запишан капитал на банката изнесува 19 милиони евра. Атрактивни камати за штедење и за кредитирање! Со понуда на атрактивни каматни стапки за кредитите и за депозитите, Стопанска Банка – Битола во изминатиот период се обиде да ги задржаи постечките и да привлече нови клиенти. Минатиот месец Банка лансираше нови, наменски кредити за финансирање на малите бизниси, односно фирми со најмногу 10 вработени. Од банката информираа дека минималниот износ на кредитот е 300 илјади денари, додека максималната сума е до 600 илјади денари. “Кредитот наречен “Микро кредит за микробизнис“ е наменски, најмалку 75% од парите се за набавка на основни средства или суровини и репроматеријали, додека остатокот од 25% ќе ги добие самиот клиент, односно кредитокорисник. Рокот на отплата на кредитот е 24 месеци“ – објаснија за “Фактор“ од Стопанска Банка- Битола. Во исто време, банката излезе и со понуда за штедачите ““Депозит со антиципативна исплата на камата во ЕУР на 12 месеци“. “Станува збор за пропорционална метода за пресметка на камата. Таа ќе се исплаќа антиципативно,  првиот работен ден во следниот месец од месецот на орочувањето на парите. Минималниот влог не може да биде помал од 100 евра и во текот на периодот на ороченост тој не може да се надоплнува, но клиентот, доколку сака паралелно може да орочи и друг депозит. Предноста е во тоа што каматата е фиксно утврдена и дека таа се исплаќа веднаш, односно првиот ден во следниот месец по орочувањето“ – објаснуваат од Стопанска Банка – Битола. Во периодот што измина од Банката велат дека најатрактивни кредити за граѓаните биле ненаменските кредити за рефинансирање.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката