СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ЗНАЧАЈНО СЕ „СТЕГНА“ - загубата се претвори во добивка од над 800 илјади евра, еве какви се плановите

Објавено во: Финансии 17 Јули, 2024 10:32
Стопанска банка Битола ги објави своите резултати од работењето за првото полугодие од годинава, а тие говорат за значајни подобрувања во однос на истиот период од минатата година.
Една од клучните придобивки е што ланската загуба е претворена во добивка, и таа за периодот од првите шест месеци од годинава изнесува над 813 илјади евра. А, треба да се има предвид дека во истиот период од минатата година негативниот финансиски резултат односно загубата била на ниво од 873 илјади евра.
„Во првата половина од 2024 година, фокусот во работењето на Стопанска банка а.д. Битола беше ставен на остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во деловната политика, развојниот и финансискиот план на банката за 2024 - 2026 година, приспособувајќи го своето работење на промените во домашните економски услови, модерните банкарски текови и глобалните пазарни случувања. Стопанска Банка Битола оствари добивка од 51,01 милион денари (813 илјади евра -н.з.) во првото полугодие на 2024 година, што е значајно подобрување во однос на првото полугодие од 2023 година, кога работеше со загуба од 53,69 милиони денари (873 илјади евра н.з). Позитивниот финансиски резултат се должи на задржаниот висок оперативен резултат (од 75,92 милиони денари), засилената наплата на нефункционалното портфолио на Банката, како и на пониското ниво на исправка на вредност на нефункционални пласмани во однос на претходната година“, се вели во објавата на банката дадена до инвеститорската јавност, а преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.
Нето-приходите од камата се повисоки за 17,99 милиони денари, или за 8,21 отсто во однос на истиот период од претходната година. Приходите од камати се повисоки за 31,61 милион денари, односно за 11,19 проценти.
Преструктурирањето на активата на банката кон ликвидна актива се одвивала во услови на поволни каматни стапки на пласманите на банката во инструменти на монетарната политика, државата и странските банки.
Од друга страна, трендот на засилено штедење на населението во Банката, кој стартуваше во 2023 година, се одразил врз растот на расходите по камати, кои во првото полугодие на 2024 година се зголемија за 13,62 милиони денари, односно за 21,55 отсто во однос на истиот период од претходната година.
Нето-приходите од провизии и надомести се пониски за 8,88 милиони денари, односно 13,42 отсто споредено со првата половина од претходната година, што се должи на зголемените тарифи на добавувачите на услуги на Банката. Нето-курсните разлики не бележат значајни промени на годишна основа.
„По спроведување на процесот на дорезервации на портфолиото на Банката, кој почна претходната 2023 година, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа во периодот од првите шест месеци е значително пониска споредено со истиот период од 2023 година, и тоа за 62 отсто“, објаснуваат од банката.
Натаму, како што нагласуваат, трошоците за вработени се одржуваат на оптимално ниво, без поголеми промени на годишна основа.
Се оптимизирале и другите трошоци, што придонело за намалување на останатите расходи од дејноста за 16,37 милиони денари, односно 15,82 проценти.
„Ваквиот начин на управување со билансот ја зајакна капиталната и ликвидносната позиција на Банката. Стапката на адекватност на капиталот заклучно со 30 јуни годинава изнесува 24,57 отсто, додека учеството на ликвидната актива во вкупната актива достигна 43,42 проценти и истите се значајно над просечните нивоа регистрирани во банкарскиот сектор“, објаснуваат од Стопанска банка Битола. .
Од банката информираат и дека обврските по кредити бележат намалување од 28,69 отсто споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2023 година, како резултат на редовна отплата на обврски по кредитни линии.
Од Стопанска банка Битола најавуваат дека банката и во идниот период ќе биде насочена кон прудентно, стабилно и профитабилно оперативно работење со фокус на јакнење на депозитниот потенцијал и кредитната активност, подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и контрола на трошоците, понатамошно подобрување на вкупната актива преку засилено преземање интензивни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити и продажба на преземен имот.
Воедно, Банката ќе
настојува да ја одржи динамиката на раст на приходните позиции во однос на
динамиката на раст на расходите, што ќе создаде предуслови за профитабилно
работење во согласност со планираните цели, потенцираат од банката.
Како што е познато, Стопанска банка Битола е во преговори со Комерцијална банка за нејзино присоединување кон најголемата банка во земјава, а освен тоа дека овој процес е официјален и тече, нема подетални информации до каде е таа постапка.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ИМА ЛИ „ЧАД“ ОКОЛУ БАНКАТА, ИЛИ СЕ САМО СИТНИ АКЦИОНЕРСКИ ПРЕГРУПИРАЊА - се продаде нов блок на Стопанска Битола за 78 илјади евра

ПАПАТА ФРАНЦИСК ИМ ГИ НАМАЛИ ПЛАТИТЕ: Еве колку заработуваат вработените во Ватикан

ЕМ ПАРИТЕ СИГУРНО ЌЕ ИМ СЕ ВРАТАТ, ЕМ СОЛИДЕН ПРИНОС - домашните кредитори ѝ позајмија на државата над 30 милиони евра

ОСТАНУВА ТАЈНА КОЈ КУПИ 4,99 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - дали ова се можните продавачи на тој акционерски пакет

„ТИВКОТО“ БОГАТСТВО НА ПАПАТА ФРАНЦИСК: Еве како ќе се подели неговиот имот

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ОД ОКОЛУ 4.500 ЕВРА: Ова е најдобрата земја за преселба во 2025 година

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ КОИ ЌЕ ЛЕТУВААТ ВО ГРЦИЈА! Многумина одат на ова место, сега ги чекаат половина цени, еве за што се работи

ДУРИ 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОСТАНАТ КАКО ЗАДРЖАНА ДОБИВКА - еве зошто акционерите на Стопанска банка Битола нема да добијат дивиденда

СОМНИТЕЛНИ ДЕЛОВИ, ВРАТЕНА КИЛОМЕТРАЖА: Внимавајте кога купувате половни автомобили увезени од овие земји
