05 Декември, 2025
0.3738

СТОПАНСКА БАНКА: Штедните влогови се безбедни, банката го јакне капиталот!

Објавено во: Финансии 25 Јуни, 2015 07:50

Добивај вести на Viber

Одлуката за предвремена отплата на кредит од 45 милиони евра од Стопанска банка – Скопје на сметка на нејзиниот сопственик Национална Банка – Грција е операција која ќе го зајакне капиталот на банката во Македонија, објаснуваат од  групацијата. Порачуваат дека парите на штедачите се безбедни. Економистите сметаат дека во земјава има строга регулатива која ги штити штедачите. Трансакции на релација Скопје-Атина, предвремена отплата на кредит Парите на штедачите се безбедни, банката ќе продолжи со политиките на јакнење на капиталот и на стабилноста. Ова е оценката на Стопанска Банка – Скопје, откако групацијата информираше дека донела одлука за предеремена отплата на два субординирани кредити кон нејзината мајка-банка, Националната Банка од Грција. Имено, Стопанска Банка објави дека на НБГ ќе и го врати субординираниот кредит во вкупен износ од 45 милиони евра. Се работи за кредити што се земени во 2006 та и 2008 ма година. “Се работи за две позајмици од 2006 та и 2008 ма година, пришто во договорот имаше клаузула дека тој што ја отстапува позајмицата се откажува најмалку пет години да не ја бара за поврат и дека  дел од оваа позајмица влегува во гарантираниот капитал на банката“, објаснуваат во Стопанска Банка, Скопје. Во следниов период, банкарската групација треба да спроведе две трансации кои меѓусебно се условени. Првата е за предвремената отплата на кредитот кон НБГ во вредност од 45 милиони евра. Втората е за трансформација на дел од добивката во трен влог. Но, како што објаснуваат од Стопанска Банка, првата транскација може да се реализира само откако ќе биде усвоена одлуката за втората трансакција. “Одлуката за предвремена отплата доаѓа заедно со одлуката за трансформација на дел од задржаната добивка од претходните години во траен капитал на банката во износ од 35 милиони евра. Значи се работи за две трансакции кои меѓусебно се условени. До сега ниту едно евро на акционерите не се одлеало надвор, односно добивката останала како задржана добивка во банката, но сега со посебна клаузула се посочува дека таа задржана добивка практично ќе биде претворена во траен капитал на банката, без можност акционерите да ја повлечат“, објаснуваат од Стопанска Банка. Токму потегот за трансформација на дел од задржаната добивка во вредност од 35 милиони евра ќе значи јакнење на капиталот, велат од групацијата. “Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје предложи на Собранието на акционери, Банката да го зголеми својот регулаторен капитал за 35 милиони евра, износ кој во моментов е вклучен во акумулираната добивка на Банката, наместо оваа добивка да биде дистрибуирана на акционерите. Поради фактот што адекватноста на капиталот ќе се зголеми и значително ќе се подобри, Банката одлучи субординираните кредити кои беа земени во 2006 и 2008 година (со цел Банката во тоа време да ја подобри својата капитална позиција), да се вратат пред нивното достасување“, се вели во официјалното соопштение на Стопанска Банка и се додава: “Резултатот од оваа одлука е позитивен за Банката, бидејќи капиталната база значително ќе се зајакне, давајќи и на Банката потик за натамошен раст во следните години, со што адекватноста на капиталот ќе достигне приближно 17%, а истовремено, Банката нема да плаќа дополнителна камата за овие кредити. Овој предлог јасно е во интерес на Банката и земјата, за што Гувернерот на Народна банка на Република Македонија даде согласност да се реализира оваа одлука“. Стопанска Банка, Скопје заедно со Алфа Банка, кои се во грчка доминација, се вратија повторно во фокусот токму поради грчката должничка криза и можното црно сценарио за банкрот на Грција. Еден од директорите на банката, Тони Стојановски вели дека депозитите се целосно безбедни и сигурни. “Како и до сега, така и понатаму, апсолутно депозитите во Стопанската Банка, Скопје се сигурни. Банката продолжува со стабилно и профитабилно работење и силна капитална база која ја гарантира сигурноста на депозитите“, вели Стојановски од Стопанска Банка. И економистите сметаат дека македонската регулатива целосно ги штити штедачите, без разлика на сопственоста на капиталот. “Законите во земјава точно го регулираат износот на обештетување на штедачите, но и лимитите до кои банките можат да се изложат кон странство. Значи, странските сопственици не можат да го извлекуваат капиталот, но можат да ја продадат банката, што пак нема да има влијание за депонентите, клиентите, штедачите“, објаснуваат економистите. Грција, преку своите две банки во Македонија, „Стопанска Банка“ и „Алфа банка“ има силно влијание врз банкарскиот сектор во земјава. Што се случува во Грција? Грција сеуште е во опасната зона. Грчки владини извори вчера потврдија дека грчката страна одбила контра предлог од европските институции за приближување до ставовите од кои зависи економската иднина на задолжената земја. Предлогот, во кој, според Атина, се барало зголемување на приходите од ДДВ и уште поголемо намалување на државните расходи, бил поднесен два часа откако грчкиот премиер Алексис Ципрас изрази жалење дека ММФ не ги прифаќа мерките кои ги предложи Атина, за време на состанокот на еврогрупата во понеделникот вечер. Се очекува преговорите да продолжат. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката