18 Декември, 2025
0.0440

СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА - еве по колку ќе добијат акционерите

Објавено во: Финансии 30 Април, 2022 12:12

Добивај вести на Viber

Стопанса банка Скопје ќе дели дивиденда за своите акционери, или во бруто износ по 5 денари за акција.

Таа одлука треба да ја донесе Собранието на акционери н последниот ден од мај, за кога е тоа закажано.

Стопанска банка АД – Скопје (СБ) ќе изврши исплата на дивиденда на приоритетните акции за 2021 година во вкупен износ од денари 1.137.220 или бруто износ од пет денари по акција. 

Основицата за пресметка на дивидендата изнесува 90.977.600 денари (227.444 приоритетни акции по номинална вредност од 400 денари по акција). 

Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, односно датум на пресек на Акционерската книга, e 15.06.2022 година. 

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 13.06.2022 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 14.06.2022 година. 

Дивидендата ќе се исплати во вид на еднократно плаќање најдоцна во рок од 30 дена од датумот на кој Собранието на акционери на СБ ќе ја усвои Одлуката за распределба на добивката согласно Годишната сметка и Финансиските извештаи на Стопанска банка Скопје за 2021 година. 

Рок за известување на акционерите кои имаат право на дивиденда за 2021 година е најдоцна пет дена од одржаната седница на Собранието на акционери. СБ ќе го објави известувањето во најмалку еден дневен весник и на веб страницата на СБ. Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето. 

Можеби ќе ве интересира

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра