05 Декември, 2025
0.0465

„Стопанска банка“ Скопје прави ќар од 81.170 евра просечно дневно!

Објавено во: Финансии 12 Ноември, 2014 08:15

Добивај вести на Viber

Периодот јули-септември е исклучително добар за најголемата банка и во него нето добивката пораснала за 530,4 милиони денари (8,6 милиони евра) до износ од 1,35 милијарди денари (21,9) милиони евра „Стопанска банка“ Скопје има нето добивка од 530,4 милиони денари ( 8,6 милиони евра) за период од три месеци во интервалот јули – септември годинава, покажува билансот на успех на најголемата банка во земјава објавен на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Со третиот квартал вкупната добивка на банката за периодот јануари-септември изнесува 1,35 милијарди денари (21,9 милиони евра). Очигледно е дека третиот квартал односно периодот јули-септември е најуспешниот профитен период годинава затоа што добивката остварена во него е поголема за 1,3 милиони евра односно 15 отсто повеќе од просечната квартална добивка на таа банка. Врз основа на најновите финансиски резултати добивката по акција изнесува 77 денари. Во споредба со последната пазарна цена постигната на берзата оваа акција носи апроксимативна добивка од 20 отсто од последната пазарна цена. Билансот на успех покажува дека оваа банка за првите девет месеци годинава има приходи од камати во износ од 3,5 милијарди денари, а 2,32 милијадри денари се нето приход од камата. Во првите девет месеци годинава „Стопанска банка“ Скопје има просечен дневен нето приход од камати во износ од 139.490 евра. Во другата,помала, приходна ставка оваа банка т.е. од провизии и надоместоци оваа банка во првите девет месеци има нето приход од 732,1 милиони денари што е раст од 8,6 отсто во споредба со истиот период лани. Бројките покажуваат дека менаџментот на банката работел паралелно и за зголемување на пазарното учество, но и на резервациите за исправка на вредноста кои во првите девет месеци годинава се 408,5 милиони денари и се пониски за 245 милиони денари во споредба со јануари-септември лани. Од почетокот на годинава до крај на септември загубите заради оштетување на нефинансиски средства се зголемени за 31 милиони денари во однос на истите од лани и заклучно со септември годинава изнесуваат 89,1 милиони денари. Од анализата на билансот особено внимание заклужуваат перформансите на банката за периодот јули-септември. Нето приходот од камати во овој интервал е зголемен за 800 милиони денари со што го надминува кварталниот просек за првите две тромесечја годинава. Исто така има голем раст на нето приходот од провизии и надоместоци во однос на кварталниот просек за првите две тромесечја. Во перидот јануари-јуни вкупниот нето износ од провизии и надоместоци е 478,8 милиони денари, а во периодот јули-септември тој изнесува 311 милиони денари.Токму заради тие параметри и добивката бележи солиден раст од 530,4 милиони денари и од износ од 819,6 милиони денари на крајот на јуни, на крајот на септември изнесува 1,35 милијарди денари што е раст од 39,4 отсто во споредба со добивката остварена во првите девет месеци лани. Акцијата на оваа банка која котира на сегментот задолжителна котација на Македонската берза во последниве два месеци станува се поатрактивна за инвеститорите. Во голем дел интересот е насочен во таа акција заради солидните перформанси на банката во нејзиното работење. Но во одредена мера, некои инвеститори настапуваат шпекулативно и купуваат акции во очекување на можна продажба на македонската банка.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката